Вториот ред го обезбедија возачите на Ред Бул, со Макс Ферстапен пред Даниел Рикиардо, додека Валтери Ботас далеку зад својот тимски колега ќе стартува од третиот ред во друштво на Естебан Окон од Форс Индија.
Малерот на Ферари и Ветел продолжува, неговата ПЕ откажа во Q1 и Германецот ќе стартува од последната позиција или од боксевите.
Главната вест на Q1 сесијата беа проблемите на болидот од Себастијан Ветел. Може да се каже дека тие започнаа уште од третиот тренинг, по што механичарите на Ферари мораа да го менуваат моторот.
Тоа го направија успешно, Германецот излезе на патеката, но, само неколку моменти подоцна, по тимското радио јави дека ја загубил моќта од ПЕ.
"Чувствувам како да немам турбо", им рече тој на своите инженери, бавно враќајќи се во својата гаража. Тоа беше крај на квалификациите за Ветел без да успее да постави време.
Во оваа фаза од квалификациите испаднаа и двата болиди на Хас, Роман Грожан пред Кевин Магнусен, двата болиди на Заубер, Паскал Верлајн пред Маркус Ериксон. На врвот на табелата беше Луис Хамилтон пред Макс Верстапен, Валтери Ботас, Кими Раиконен и Даниел Рикиардо.
На почетокот од Q2 сесијата најбрз беше Кими Раиконен, само пет илјадити делови од секунда пред Ферстапен. Меѓутоа, откако Финецот и Холанѓанецот се одлучија да не настапуваат повеќе, Валтери Ботас при својот втор обид го постави најбрзото време.
Пласман во Q3 зад третото место на Ферстапен обезбедија и Хамилтон, Рикиардо, дуото на Форс Индија Серџо Перез и Естебан Окон, Нико Хулкенберг и двата возачи на Мекларен , Штофел Вандорн пред Фернандо Алонсо.
На крајот од Q2 сесијата елиминирани беа Фелипе Маса на 11-тата стартна позиција пред Џолион Палмер, Ленс Строл, Карлос Саинц ЈР. и Пјер Гасли.
Во Q3 сесијата Луис Хамилтон конечно го изваде максимумот од Мерцедесот и по првите брзи круга го имаше најбрзото време, со три десетинки предност пред Кими Раиконен. Рикиардо беше трет, пред тимскиот колега Макс Ферстапен.
Рикиардо беше првиот што ја помина целната линија при втората серија на брзи круга, но, не успеа да се подобри со тоа што направи мали грешки во последните два сектори. Тоа го искористи Ферстапен кој напредуваше пред неговиот тимски колега за третата стартна позиција.
Следуваше Хамилтон, кој на изненадување на сите не направи никакво подобрување. Тоа ја остави вратата подотворена за Кими Раиконен. Финецот имаше предност по вториот сектор, но и покрај извонредните напори заврши со второ најбрзо време, само 0.045 делови од секундата зад Хамилтон.
Петтото место му припадна на Валтери Ботас. По него поредокот беше Естебан Окон, Штофел Вандорн, Нико Хулкбенберг, Серџо Перез и Фернандо Алонсо.
Последната трка за ГН на Малезија стартува утре во 09:00 часот по Македонско време.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:30.076
2. Кими Раиконен Ферари 1:30.121 + 0.045
3. Макс Ферстапен Ред Бул 1:30.541 + 0.465
4. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:30.595 + 0.519
5. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:30.758 + 0.682
6. Естебан Окон Форс Индија 1:31.478 + 1.402
7. Штофел Вандорн Мекларен 1:31.582 + 1.506
8. Нико Хулкенберг Рено 1:31.607 + 1.531
9. Серџо Перез Форс Индија 1:31.658 + 1.582
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:31.704 + 1.628
Q2 Најбрзо време: Валтери Ботас 1:30.803
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:32.034 + 1.231
12. Џолион Палмер Рено 1:32.100 + 1.297
13. Ленс Строл Вилијамс 1:32.307 + 1.504
14. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:32.402 + 1.599
15. Пјер Гасли Торо Росо 1:32.558 + 1.755
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:31.605
16. Роман Грожан Хас 1:33.308 + 1.703
17. Кевин Магнусен Хас 1:33.434 + 1.829
18. Паскал Верлајн Заубер 1:33.483 + 1.878
19. Маркус Ериксон Заубер 1:33.970 + 2.365
20. Себастијан Ветел Ферари без пост. време
107% време: 1:38.017



