Даниел Рикиардо се искачи на последното скалило од подиумот, одбранувајќи се пред налетот на Ветел, кој од последната стартна позиција стигна до 4-тото место. Малерите за Ферари продолжија, со тоа што Ферари ПЕ во болидот на Кими Раиконен откажа на гридот пред самиот старт на трката.
Механичарите на Ферари се обидоа да го решат проблемот на гридот, не успеаа, па беше донесена одлука за враќање на болидот на Финецот во гаражата. На крај, не можеа да најдат решение, па Раикконен, кој требаше да стартува од втората позиција, беше принуден да го заврши својот настап на ГН на Малезија уште пред нејзиниот старт.
На стартот, Хамилтон тргнувајќи од Пол позицијата, по првиот свиок успеа да го задржи водечкото место, пред Макс ферстапен. Добар старт имаше Валтери Ботас кој успеа да го претекне Даниел Рикиардо за трето место во тој момент.
На крајот од гридот, како и што се очекуваше, Себастијан Ветел брзо напредуваше низ поредокот и до крајот на првиот круг тој беше на 13-тото место по стартот од последната 20-та позиција.
Сепак, Ферстапен го имаше маневарот на денот со претекнувањето од прва на Луис Хамилтон, по што возачот на Ред Бул го презеде водството на трката на крајот од третиот круг. Иако тоа изгледаше лесно, тоа не беше баш така. Тоа се гледаше по Рикиардо, кој го напаѓаше Ботас, но, Финецот успеваше да се спротивстави на заканата и го задржа третото место.
Ветел, пак, продолжи да напредува и по седум комплетирани круга, тој беше на 11-то место зад Мекларенот на Фернандо Алонсо. Шпанецот имаше сили да се спротиставува до 10-от круг, кога беше поминат од страна на Германецот, а веднаш потоа беше претекнат и Кевин Магнусен за 9-тото место.
Рикиардо, исто така, во тие моменти од трката конечно успеа да најде начин да го претекне Ботас. Финецот се бореше силно низ неколку свиоци, но на крајот мораше да се предаде. Ова претекнување, кое го имате на видеата подолу во овој пост, беше едно од најубавите на денешната трка. Може да се каже дека со ова Ботас му го зачува грбот на својот тимски колега и му го овозможи второто место.
Пробивањето на Ветел низ поредокот продолжи и понатаму. Во 21 круг, Фетел се уште бележеше најбрзи времиња и се најде на шестото место по претекнувањето на Серџо Перез со болидот на Форс Индија, со нешто помалку од 30 секунди зад лидерот Ферстапен и 23 секунди зад Луис Хамилтон. Следен на ред беше Валтери Ботас.
Возачот на Ферари брзо се доближуваше до Валтери Ботас, но, пред да може да го претекне Финецот на патеката, Хамилтон во 27-от круг ја започна серијата на влегување во боксевите за промена на гумите. Ферстапен го направи истото во следниот 28-ми круг, проследен од Себастијан Ветел.
На крајот тоа се покажа како стратегиска грешка на Ферари, бидејќи возачите на Ред Бул и Мерцедес АМГ ги сменија почетните супер-меки за меките гуми, додека Ветел имаше спротивна замена, која на крајот го чинеше обид за пласман на подиумот.
Валтери Ботас беше последниот од првите пет што се реши за промена, повторно чувајќи го грбот на својот тимски колега, и кога се врати на патеката, тој го изгуби четвртото место од Ветел.
Напред, Фестерпен остана лидер на трката со 6.5 секунди пред Хамилтон, а Рикиардо со дополнителни 11.7 секунди беше на третото место.
Трката помеѓу првите тројца возачи беше решена, Хамилтон немаше сили да го нападне Холанѓанецот, но, исто така и беше безбеден од нападите на трето пласираниот Даниел Рикиардо. Себастијан Ветел продолжуваше да се ја намалува разликата кон Австралијанецот и во 46 круг, беше во рамките на ДРС-системот до болидот на Ред Бул.
Следуваше само еден посериозен напад, при што Рикиардо добро се одбрани, а одредена помош имаше и од заостанатите болиди, заобиколувајќи ги на најнезгодно место на патеката за Ферарито зад себе. По само неколку круга обиди, Германецот се откажа од напади, супер-меките гуми престанаа да функционираа и тој се реши да ја чува Ферари ПЕ за следните трки.
На крај, Макс Ферстапен ја забележа својата втора победа во кариерата, добивајќи го најдобриот подарок за својот 20-ти роденден. Луис Хамилтон како никогаш досега без поголеми и непотребни ризици, со смирено возење стигна до второто место, што му донесе зголемување на водството на 34 поени во однос на Ветел, кој мораше да се задоволи со четвртото место зад Рикиардо.
Драмата за Ветел и Ферари не престана и по завршувањето на трката, бидејќи на патот до боксевите, тој имаше судир со Ленс Строл, при што задниот дел на болидот на Германанецот беше уништен. Стјуардите овој инцидент го оценија како тркачки без никакви последици по двајцата возачи.
Сепак, во Ферари ставуваат за исправноста на менувачот, кој ако биде заменет би носел казна од 5 старни позиции.
Валтери Ботас го освои петто место, пред Серџо Перез, Штофел Вандорн, Ленс Строл, Фелипе Маса и Естебан Окон на местото кое го носи последниот поен.
Голема награда на Малезија, Сепанг, Куала Лумпур.
56 круга, 310.408км., Време: Суво.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Макс Ферстапен Ред Бул 1ч30:02.793
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 12.770
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 22.519
4. Себастијан Ветел Ферари + 37.362
5. Валтери Ботас Мерцедес АМГ + 56.021
6. Серџо Перез Форс Индија + 1:18.630
7. Штофел Вандорн Мекларен + 1 круг
8. Ленс Строл Вилијамс + 1 круг
9. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
10. Естебан Окон Форс Индија + 1 круг
11. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
12. Кевин Магнусен Хас + 1 круг
13. Роман Грожан Хас + 1 круг
14. Пјер Гасли Торо Росо + 1 круг
15. Џолион Палмер Рено + 1 круг
16. Нико Хулкенберг Рено + 1 круг
17. Паскал Верлајн Заубер + 1 круг
18. Маркус Ериксон Заубер + 2 кругa
Најбрз круг: Себастијан Ветел - 1:34.080
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим
Кими Раиконен Ферари
Карлос Саинц ЈР. Торо Росо
Генерален пласман по 15 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 281 Мерцедес АМГ 503
2. Себастијан Ветел 247 Ферари 385
3. Валтери Ботас 222 Ред Бул 270
4. Даниел Рикиардо 177 Форс Индија 133
5. Кими Раиконен 138 Вилијамс 65
6. Макс Ферстапен 93 Торо Росо 52
7. Серџо Перез 76 Рено 42
8. Естебан Окон 57 Хас 37
9. Карлос Саинц ЈР. 48 Мекларен 23
10. Нико Хулкенберг 34 Заубер 5
11. Фелипе Маса 33
12. Ленс Строл 32
13. Роман Грожан 26
14. Штофел Вандорн 13
15. Кевин Магнусен 11
16. Фернандо Алонсо 10
17. Џолион Палмер 8
18. Паскал Верлајн 5
19. Данил Квјат 4





