Првиот тренинг започна на релативно влажна патека, на која Луис беше без конкуренција најбрз, но истиот тренд продолжи и кога патеката беше целосно сува, сепак со помала разлика. Со оглед на покажаното на оваа тренинг сесија Британецот изгледа силно и тешко некој да го запре во походот кон нова Победа на неговата омилена патека.
Новите момци, Карлос Саинц ЈР. во тимот на Рено и Брендон Хартли во Торо Росо се покажаа во добро светло и беа побрзи од своите тимски колеги. Дополнителната потврда ќе ја очекуваме за време на вториот тренинг кој започнува во 21:00 часот по македонско време.
2017 САД ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:36.335 18
2. Себастијан Ветел Ферари 1:36.928 + 0.593 20
3. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:36.979 + 0.644 10
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:37.407 + 1.004 21
5. Штофел Вандорн Мекларен 1:37.712 + 1.017 26
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:37.776 + 1.235 23
7. Кими Раиконен Ферари 1:37.963 + 1.263 20
8. Естебан Окон Форс Индија 1:37.988 + 1.473 25
9. Серџо Перез Форс Индија 1:37.131 + 1.526 20
10. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:38.140 + 1.758 24
11. Кевин Магнусен Хас 1:38.191 + 2.073 16
12. Ленс Строл Вилијамс 1:38.287 + 2.199 25
13. Нико Хулкенберг Рено 1:39.362 + 2.569 19
14. Брендон Хартли Торо Росо 1:39.826 + 2.932 28
15. Роман Грожан Хас 1:40.970 + 3.001 17
16. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:40.170 + 3.031 14
17. Шон Гелајл Торо Росо 1:40.422 + 4.071 25
18. Маркус Ериксон Заубер 1:40.663 + 4.115 19
19. Чарлс Леклерк Заубер 1:40.942 + 4.493 25
20. Фернандо Алонсо Мекларен без поставено време
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:39.941
2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:53.989
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:37.428
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:36.335