UPDATE: Веднаш реагираа и од тимот на Торо Росо. Во нивното соопштение се вели дека Карлос Саинц ЈР. ќе се приклучи на тимот на Рено од следната трка во шампионатот, т.е. Големата Награда на САД.
Претходно беше објавено дека Шпанецот требаше да се приклучи на неговиот нов тим во следната 2018 сезона, но, по денешните случувања на Јапонското ГП тој ќе биде ослободен од неговиот договор порано од првично планираното.
На патеката во Остин, Даниел Квјат ќе вози за Торо Росо заедно со Пјер Гасли.