Од тркачки аспект немаше нешто возбудливо на оваа прва сесија, која служи за запознавање на возачите со условите на патеката и вообичаено помина со болиди опремени со чудни сензори и "нормални" извртувања на патеката.
Лоша сесија за болидите на Торо Росо, чии возачи останаа без драгоцени тест километри поради откажување на Рено ПЕ. Нив им следуваа казни од 10-стартни места, а кон оваа казна се приклучува и Даниел Рикиардо, сите за користење 7-ма по ред MGU-H единица од четири дозволени.
Вториот тренинг започнува во 17 часот по македонско време, на кој подобро ќе се забележи формата на возачите и нивните болиди.
2017 БРАЗИЛ ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:09.202 36
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:09.329 + 0.127 43
3. Кими Раиконен Ферари 1:09.744 + 0.542 32
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:09.750 + 0.548 31
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:09.828 + 0.626 38
6. Себастијан Ветел Ферари 1:09.984 + 0.782 32
7. Фелипе Маса Вилијамс 1:10.102 + 0.900 28
8. Штофел Вандорн Мекларен 1:10.402 + 1.200 26
9. Естебан Окон Форс Индија 1:10.454 + 1.252 36
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:10.476 + 1.274 24
11. Ленс Строл Вилијамс 1:10.632 + 1.430 42
12. Џорџ Расел Форс Индија 1:11.047 + 1.845 29
13. Роман Грожан Хас 1:11.188 + 1.986 29
14. Кевин Магнусен Хас 1:11.463 + 2.261 30
15. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:11.467 + 2.265 32
16. Нико Хулкенберг Рено 1:11.608 + 2.406 35
17. Чарлс Леклерк Заубер 1:11.802 + 2.600 32
18. Маркус Ериксон Заубер 1:11.898 + 2.696 28
19. Пјер Гасли Торо Росо 1:14.034 + 4.832 05
20. Брендон Хартли Торо Росо без поставено време
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:12.764
2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:13.543
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:11.895
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.202

