Естебан Окон беше седми пред миленикот на домашната публика, Фелипе Маса како осми најбрз, додека Нико Хулкенберг и Фернандо Алонсо го комплетираа Топ 10 пласманот.
Мекларенот не може без проблеми, па, во еден момент Шпанецот беше повикан во својата гаража, за инженерите на Хонда да ги испитаат неправилностите во телеметријата од нивната ПЕ. За среќа, тој беше во можност да се врати на патеката и да работи на нивната тест програма.
Маркус Ериксон со болидот на Заубер имаше фрустрирачка сесија, излетувајќи надвор од патеката, завршувајќи со минимален контакт со бариерите. Самостојно успеа да се врати до својата гаража, но, за него тоа беше крај на тренингот. Антонио Џовиаци кој го позајми болидот на Хас од Кевин Магнусен беше 20-ти последен.
Тркачкиот викенд во Бразил продолжува утре со третиот тренинг, 14:00 MK и Квалификациската сесија од 17:00 MK.
2017 БРАЗИЛ ГП - ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:09.515 42
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:09.563 + 0.048 45
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:09.743 + 0.228 37
4. Себастијан Ветел Ферари 1:09.875 + 0.360 48
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:09.886 + 0.371 38
6. Кими Раиконен Ферари 1:10.117 + 0.602 45
7. Естебан Окон Форс Индија 1:10.306 + 0.791 49
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:10.373 + 0.858 42
9. Нико Хулкенберг Рено 1:10.396 + 0.881 39
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:10.655 + 1.140 31
11. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:10.685 + 1.170 42
12. Серџо Перез Форс Индија 1:10.695 + 1.180 43
13. Штофел Вандорн Мекларен 1:10.902 + 1.387 38
14. Ленс Строл Вилијамс 1:11.064 + 1.549 44
15. Роман Грожан Хас 1:11.300 + 1.785 39
16. Пјер Гасли Торо Росо 1:11.422 + 1.907 43
17. Брендон Хартли Торо Росо 1:11.821 + 2.306 54
18. Паскал Верлајн Заубер 1:11.857 + 2.342 43
19. Маркус Ериксон Заубер 1:11.989 + 2.474 17
20. Антонио Џовинаци Хас 1:12.417 + 2.902 37
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:12.123
2015 Нико Розберг - Мерцедес - АМГ 1:12.385
2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:12.271
2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:09.515
ф1 со микрофон :)



