Себастијан Ветел ја почуствува на своја кожа судбината на Макс Ферстапен од минатиот тркачки викенд, кога речиси беше сигурен дека ја освоил Пол позицијата, но, тоа не го мислеше и Валтери Ботас, кој имаше перфектен последен брз круг. Кими Раиконен го забележа третото најбрзо време.
Хамилтон кој беше еден од најголемите фаворити за Пол позицијата, по прикажаното на Тренинг сесиите, изгуби контрола врз својот болид на средината од брзиот Ферадура свиок и тоа во неговиот прв брз круг во Q1 сесијата.
Британецот заврши во бариерите покрај патеката, значително оштетувајќи го болидот, веднаш се извини на својот тим преку тимското радио за предвремено завршените квалификации. Тоа беше негово прво откажување во Q1 од 2016 сезоната и тркачкиот викенд за Белгиското Гран При.
Со тоа битката за првата позиција им ја препушти на Ботас и Ветел. Финецот беше најбрз во првата сесија, но, Германецот возврати во Q2 и првите брзи круга од последната Q3 сесија. Но, Ветел не успеа да го подобри своето време при последен брз круг во Q3, додека Ботас пронајде уште 0.120 делови од секундата за да го победи Ферарито за само 0,038 секунди и нов рекорд на патеката од 1:08.322.
Макс Ферстапен, беше единствениот друг возач кој забележа време под 1:09.000, доволно за четвртата позиција, пред тимскот колега од Ред Бул, Даниел Рикиардо со петтото најбрзо време.
Австралијанецот се соочува со казна од 10 места за промена на MGU-H единицата за собирање на кинетичката енергија од издувните гасови.
Серџо Перез беше шести, пред Мекларенот на Фернандо Алонсо, Нико Хулкенберг, Карлос Саинц ЈР. и Фелипе Маса за заокружување на најбрзите 10 возачи.
Трката за Големата Награда на Бразил започнува во 17:00 часот по македонско време.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БРАЗИЛ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:08.322
2. Себастијан Ветел Ферари 1:08.360 + 0.038
3. Кими Раиконен Ферари 1:08.538 + 0.216
4. Макс Ферстапен Ред Бул 1:08.925 + 0.603
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:09.330 + 1.008
6. Серџо Перез Форс Индија 1:09.598 + 1.276
7. Нико Хулкенберг Рено 1:09.617 + 1.295
8. Фернандо Алонсо Мекларен 1:09.703 + 1.381
9. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:09.805 + 1.483
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:09.841 + 1.519
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:08.494
11. Естебан Окон Форс Индија 1:09.420 + 1.336
12. Роман Грожан Хас 1:09.431 + 1.385
13. Штофел Вандорн Мекларен 1:10.521 + 1.622
14. Кевин Магнусен Хас 1:10.726 + 1.660
15. Брендон Хартли Торо Росо без постав.време
Q1 Најбрзо време: Кими Раиконен 1:09.405
16. Паскал Верлајн Заубер 1:10.678 + 1.273
17. Пјер Гасли Торо Росо 1:10.686 + 1.281
18. Ленс Строл Вилијамс 1:10.776 + 1.371
19. Маркус Ериксон Заубер 1:10.875 + 1.470
20. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ без постав.време
107% време: 1:14.263
Q3 Финални моменти
Хамилтон во бариерите


