Контроверзниот ХАЛО-систем на ФИА е најголемата визуелна разлика за 2018 година. Тоа е областа која им задаваше најголеми главоболки на дизајнерските тимови, обидувајќи се да го инкорпорираат во шасијата, при тоа минимизирајќи ги аеродинамичните негативности што ги предизвикува.
Кристијан Хорнер, кој не го одобрува ХАЛО-то, вели дека може само да се надеваме дека со текот на времето ќе се навикнеме на него.
"Тоа е огромна структура, висока и многу тешка. Ние трошиме милиони фунти обидувајќи се да ги направиме работите полесни и поелегантни колку што е можно повеќе, и тогаш некој ќе реши да воведе нешто што изгледа како "костур" и коe додава многу тежина и висина на болидот. Тоа не е во духот на Формула 1."
Се разбира, како сите, така и ние може само да се жалиме на ХАЛО-то, да се занимаваме со него, наместо да се восхитуваме на аеродинамичните детали на Ред Бул, ситните странични отвори за ладење на болидот на Ферари, минималистичкиот заден дел на Мерцедес АМГ.
Овие болиди треба да бидат најбрзите во историјата на Формула 1. ФИА вика дека со ХАЛО-то, тие сега се најбезбедни. Ако можете да го игнорирате, засега ние не можеме, овој систем ни боде очи, може да се радувате на сезоната што е пред нас.
ХАЛО-ЗАШТИТНИОТ СИСТЕМ, НАЈГРДИОТ ДОДАТОК ВО ИСТОРИЈАТА НА Ф1
2/24/2018 11:40:00 AM
0
Tags
Share to other apps
