Позната е теоријата дека ако болидот може да биде брз во Барселона, тогаш може да биде брз на повеќето патеки од календарот. Тоа е она што сите тимови ќе се обидуваат да се воспостави во текот на четирите тест дена.
Тест програмите се разработени до ситни детали, а нивното 100% спроведување ќе биде од голема корист за создавање на победнички болид. Секако тука е и правилното разбирање на интеракцијата помеѓу болидот и најновата генерација на Пирели гумите, посебно на една од новите смеши - хипер-меката.
ВОЗАЧИ ЗА ПРВАТА ПРЕД СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА
| ТИМ | ПОНЕДЕЛНИК, 26/2/2018 | ВТОРНИК, 27/2/2018 |
| Мерцедес АМГ | Валтери Ботас | Луис Хамилтон |
| Ферари | Кими Раиконен | Себастијан Ветел |
| Вилијамс | Строл/Сироткин | Сироткин/Кубица |
| Ред Бул | Даниел Рикиардо | Макс Ферстапен |
| Рено | Хулкенберг/Саинц ЈР. | Саинц ЈР./Хулкенберг |
| Форс Индија | Никита Мазепин | Естебан Окон |
| Торо Росо | Брендон Хартли | Пјер Гасли |
| Заубер | Маркус Ериксон | Чарлс Леклерк |
| Мекларен | Фернандо Алонсо | Штофел Вандорн |
| Хас | Роман Грожан | Кевин Магнусен |
| ТИМ | СРЕДА, 28/2/2018 | ЧЕТВРТОК, 1/3/2018 |
| Мерцедес АМГ | не е објавено | не е објавено |
| Ферари | Кими Раиконен | Себастијан Ветел |
| Вилијамс | Строл/Кубица | Сироткин/Строл |
| Ред Бул | Даниел Рикиардо | Макс Ферстапен |
| Рено | Хулкенберг/Саинц ЈР. | Саинц ЈР./Хулкенберг |
| Форс Индија | Серџо Перез | Николас Латифи |
| Торо Росо | Брендон Хартли | Пјер Гасли |
| Заубер | Маркус Ериксон | Чарлс Леклерк |
| Мекларен | Фернандо Алонсо | Штофел Вандорн |
| Хас | Роман Грожан | Кевин Магнусен |
Пред почетокот на првата пред сезонска тест сесија, Форс Индија и Торо Росо и официјално ќе ги презентираат своите 2018 болиди. Комплетните извештаи и галерии од сите тимови ги имате на следниот линк: ПРЕЗЕНТАЦИИ.

