Ферари го заврши успешно својот филмски ден на патеката Каталуња, близу Барселона. Италијанскиот тим без поголеми проблеми го сетираше својот нов болид, SF71H, за почетокот на првата пред-сезонска тест сесија на истата патека. Она што изненадува е што го држеа најголемиот дел од медиумите далеку од акцијата.
Досегашната практика на Ф1 тимовите беше да објавуваат одреден број на фотографии и кратки видеа на своите социјални медиуми. Но, Ферари имаше поинаков пристап. Тимот не го објави временскиот распоред на нивниот филмски ден, бидејќи тие не сакаа новинари и фоторепортери да се шетаат наоколу.
Сепак, и покрај нивните најдобри напори, фотографот на DPPI успеа да го фотографира Кими Раиконен во новиот болид. Според извори во Барселона, Раиконен и Ветел извозеле по 50 километри, од дозволениот максимум од 100 километри, кои може да се поминат на филмскиот ден.
ФЕРАРИ ИМАШЕ УСПЕШЕН ФИЛМСКИ ДЕН
2/25/2018 11:27:00 PM
0
Share to other apps