Со моќност од 430kW т.е 585КС и максимална брзина од 318км/ч, AMG GT R е најмоќниот и најбрз безбедносен автомобил во историјата на Формула 1 Шампионатот. Во оваа, 23-та година по ред, Мерцедес АМГ безбедно ќе ги води Ф1 болидите низ патеката, кога неговото распоредување ќе биде предизвикано од лошото време или поголем инцидент. Најголем дел од времето на неговиот развој било поминато на "Зелениот пекол" на Нирбургринг.
"Со нетрпение го очекувам мојот нов автомобил. Нагласокот е ставен на динамиката на возењето и е едно ниво повисоко од автомобилот употребуван во последниве години. Се разбира, идеално би било, што е можно поретко распоредување на безбедносниот автомобил. Сепак, кога ќе мора да се распореди на патеката за безбедно да ги води Ф1 болидите, ќе бидеме одлично опремени со AMG GT R", вели Бернд Мејлендер, кој и во новата сезона ќе биде возач на Безбедносниот автомобил.
Мерцедес АМГ, никогаш порано не успеал да спакува толку многу технологија во производствено возило како во AMG GT R. Моќниот 4.0-литарски V8 битурбо мотор, детално дизајнираната шасија, софистицираната активна аеродинамика и интелегентната лесна конструкција ги постави темелите за особено динамично возење.
Широките предни и задни крила овозможуваат зголемена ширина за оптимален грип на патеката и уште поголеми брзини низ свиоците. Предниот браник со AIRPANEL активен систем за контрола на воздухот и активниот профил на аеродинамиката во подвозјето, големиот заден спојлер и задниот браник со двоен дифузер ја зголемуваат аеродинамичката ефикасност и помагаат да се обезбеди оптимален грип. Бандажите, исто така, се дизајнирани за максимална динамика на возењето. Истото важи и за активното управување со задните тркала, за прилагодливиот систем за контрола на тракцијата и за прилагодливата суспензија со дополнителна електронска контрола.
Како резултат на тоа, AMG GT R нуди оптимални предуслови за тешка работа во врвната класа на мотоспортот. Потребните услови на ФИА за безбедносниот автомобил се предизвикувачки. Мора да биде во можност да одржи минимално ниво на брзина за да спречи прекумерно ладење на гумите и сопирачките на Формула 1 болидите, како и прегревање на ПЕ. Со максимална брзина од 318км/ч и 3,6 секунди од нула до 100км/ч, AMG GT R е совршено решение за тоа да не се случи.
Заедно со безбедносниот автомобил, Мерцедес го претстави и Медицинскиот автомобил, C63 S Estate. Во него може да се смести екипаж до три медицински лица. Зад воланот ќе биде Алан ван дер Мерве, додека негов совозач ќе биде Д-р Јан Робертс, заменик-медицинскиот делегат на ФИА. На задните седишта се сместени еден или двајца помошници лекари од избраната специјализирана болница во близина на одредена патека.
За перфектна поддршка на патниците и безбедноста, брзиот Estate е опремен со четири спортски седишта, вклучувајќи и безбедносни појаси од шест точки. Радиоопремата овозможува комуникација со контролата на трката. За да се овозможи следење на тркачките активности, во автомобилот се инсталирани два iPad-и, вклучени на две независни бежични врски. 490-литарскиот багажен простор е доволен за сместување на итната медицинска опрема, вклучувајќи дефибрилатор и респиратор.
Медицинскиот автомобил ги следи ф1 болидите во почетниот круг, бидејќи истите се многу блиску групирани во оваа критична фаза на трката. На тој начин, докторите, во случај на инцидент, можат што е можно побрзо да стигнат до местото на несреќата и веднаш да ја дадат првата помош. За време на трката, Медицински автомобил е паркиран заедно со Безбедносниот автомобил покрај пит-линијата.
Како и кај безбедносниот, и кај медицинскиот автомобил е сместен 4.0-литарски V8 битуурбо мотор, но, со помала моќност од 375kW т.е. 510КС. Тука е и стандардната опрема кај уличната верзија на овој автомобил, т.е. AMG SPEEDSHIFT MCT 9G трансмисија, динамички држачи на моторот и електронски контролиран заден диференцијал за спречување на пролизгување.
МЕРЦЕДЕС АМГ ГО ПРЕТСТАВИ НАЈМОЌНИОТ И НАЈБРЗ Ф1 БЕЗБЕДНОСЕН АВТОМОБИЛ
3/20/2018 03:41:00 PM
0
Share to other apps