Германецот во редовите на Ферари беше само 0,034 секунди зад Хамилтон по првите кругови од Q3, но, на крајот мораше да се задоволи со третото место. Ботас го уништи Мерцедесот при своето прво излегување во последната сесија, па затоа ќе стартува од 10-тата позиција. Ред Бул, многу блиску до Ферари, штета што Даниел Рикиардо има казна од три стартни места, по вчерашното брзо возење при црвено знаме.
На почетокот од Q1 сесијаа Кими Раиконен беше возачот што го диктираше темпото, пред возачите на Ред Бул, Даниел Рикиардо и Макс Ферстапен. Редоследот се промени кога Луис Хамилтон при крајот на сесијата започна да вози побрзи круговите, по што скокна на врвот на табелата. Британецот имаше 0.272 предност пред Кими Раиконен, кој пак беше подобар од Ветел, Ферстапен и Рикиардо.
Долниот крај на табелата беше резервиран за болидите на Торо Росо и Заубер, а нив им се приклучи и еден болид на Вилијамс. Во овој дел редоследот на отпаѓање беше Хартли, Ериксон, Леклерк, Сироткин и Пјер Гасли.
Q2 сесијата започна со брз круг на Ферстапен на супер-меките гуми на Пирели, но, во овој дел од квалификациите сите почести заминаа кај Себастијан Ветел, кој со болидот на Ферари го имаше најбрзото време. Тој беше за десетинка побрз од Хамилтон, кој го имаше второто најбрзо време. Следуваа, Ботас пред Ферстапен, Рикиардо и Раиконен.
Фернандо Алонсо беше возачот кој имаше најмалку среќа и за малку пропушти пласман во Топ 10 поредокот. Пред финалните брзи круга, Шпанецот беше на седма позиција, но, на крајот тој мораше да се задоволи со П11.
Тимскиот колега од Мекларен, Штофел Вандорн, во меѓувреме беше елиминиран на 11-тата позиција, пред возачите на Форс Индија, Серџо Перез и Естебан Окон, меѓу кои се протна Ленс Строл со Вилијамс.
Q3 сесијата започна на драматичен начин, со голем инцидент на еден од топ фаворитите за Пол позиција, Валтери Ботас, по што беше покажано црвено знаме. Финецот ја изгуби контролата врз Мерцедесот при вториот свиок, по што заврши во заштитната ограда покрај патеката, предизвикувајќи сериозно оштетување на неговиот болид.
По продолжување на сесијата, Луис Хамилтон беше најбрз, само 0.030 делови од секундата побрз од Ветел на втората позиција. Макс Ферстапен, по првите брзи круга, беше пред Раиконен и Рикиардо.
Дури при втората сесија на брзи кругови, од Мерцедес АМГ го отклучија целосниот потенцијал на својата ПЕ, при што Хамилтон забележа девет десетинки побрзо време од претходно забележаното, што беше доволно да ја уништи својата конкуренција и ја забележи својата 73-та Пол позиција.
Кими Раиконен забележа време за старт од првиот ред, со заостанување од големи 0.664 секунди зад Хамилтон, но, само 0.010 секунди пред својот тимски колега, Себастијан Ветел, кој ќе стартува од третата позиција.
Радува фактот што Ферари беше силно предизвикан од возачите на Ред Бул, кои беа многу поблиску до Италијанскиот тим од минатата сезона. Ферстапен се квалификуваше на четвртата позиција, пред Даниел Рикиардо на петтата, но, Австралијанецот има казна од три места поназад.
Зад нив, беа возачите на Хас, кои го потврдија нивниот статус на најбрз тим од останатите, со Кевин Магнусен на шестата и Роман Грожан на седмата стартна позиција. Во најбрзите десет возачи имаше место и за тимот на Рено, со Нико Хулкенберг пред Карлос Саинц ЈР..
На баксузот на денот, Валтери Ботас, му преостана 10-тата позиција, но и казна од 5 стартни места поназад поради промена на неговиот менувач.
Трката за Големата Награда на Австралија стартува утре во 07:10 часот по Македонско време. (ВАЖНО: Стрелките на часовникот вечерва, Сабота/Недела, се поместуваат едн час понапред!!!)
2018 ГН НА АВСТРАЛИЈА - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:21.164
2. Кими Раиконен Ферари 1:21.828 + 0.664
3. Себастијан Ветел Ферари 1:21.838 + 0.674
4. Макс Фестапен Ред Бул 1:21.879 + 0.715
5. Даниел Рикиардо* Ред Бул 1:22.152 + 0.988
6. Кевин Магнусен Хас 1:23.187 + 2.023
7. Роман Грожан Хас 1:23.339 + 2.175
8. Нико Хулкенберг Рено 1:23.532 + 2.368
9. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:23.557 + 2.415
10. Валтери Ботас* Мерцедес АМГ не пост. време
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:21.994
11. Фернандо Алонсо Мекларен 1:23.692 + 1.748
12. Штофел Вандорн Мекларен 1:23.853 + 1.909
13. Серџо Перез Форс Индија 1:24.005 + 2.061
14. Ленс Строл Вилијамс 1:24.230 + 2.286
15. Естебан Окон Форс Индија 1:24.786 + 2.842
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:22.824
16. Брендон Хартли Торо Росо 1:24.532 + 1.708
17. Маркус Ериксон Заубер 1:24.556 + 1.732
18. Чарлс Леклерк Заубер 1:24.636 + 1.812
19. Сергеј Сироткин Вилијамс 1:24.922 + 2.098
20. Пјер Гасли Торо Росо 1:25.295 + 2.471
107% време: 1:28.622
* Рикиардо, 3 стартни места
* Ботас, 5 стартни места
2014 Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:44.231 (Д)
2015 Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:26.327
2016 Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:23.837
2017 Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:22.188
2018 Луис Хамилтон, Мерцедес АМГ, 1:21.164
Снимка од Квалификациите, благодарение на Македонски АвтомобилизамБотас го уништи Мерецедесот
Sto se slucuva so direktnite prenosi? Nekakvo info?
ReplyDelete