На стартот од трката Себастијан Ветел одлично ја искористи заветрината на Мерцедесовите болиди и успеа да го украде второто место од Валтери Ботас.
Следуваше голем инцидент при третиот свиок, кога Роман Грожан по минималното пролизгување на неговиот тимски колега, беше принуден нагло да сопира и превземе избегнувачки маневар при кој се изврте, за потоа под полн гас да започне да се враќа на патеката при што на него налетаа болидите на Нико Хулкенберг и Пјер Гасли.
Судирот беше силен, но, сите тројца возачи од него излегоа неповредени. Со многу остатоци расфрлани низ патеката и три болиди за отстранување, беше воведено безбедносното возило, кое остана на патеката до крајот на 6-от круг.
На рестартот од трката поредокот на водечките остана непроменет, Луис Хамилтон беше во водство пред Ветел, Ботас, Раиконен, Ферстапен и Рикиардо.
Следува мирен период во трката без поголеми случувања, до моментот кога од Ферари се решија да го повикаат Себастијан Ветел за промена на меките со медиум гумите на Пирели. Мерцедес АМГ одговори, повикувајќи го Ботас, кој, исто така, премина на медиум гумите, но бавниот пит-стоп не му дозволи на Финецот да излезе пред Ветел, кој во тие моменти го претекнуваше Магнусен на стартно-целниот правец.
Промени во поредокот донесоа проблемите на Раиконен со Ферари ПЕ, кога Ферстапен и Рикиардо прелетаа покрај Финецот, на кој по тимското радио му беше кажано да го запре болидот, по што трката за него беше завршена.
Најдолго на патеката при првиот стинт останаа болидите на Ред Бул, кои најверојатно се надеваат на дожд или ново БВ, дури до 33-от круг, но, ни тоа не донесе посериозни промени во поредокот.
Во 41-от круг беше распоредено Виртуелното Безбедносно Возило откако Естебан Окон застана на патеката откако ја изгуби моќта од својата Мерцедес ПЕ.
На наше изненадување, и на повеќето кои внимателно ја следат Формула 1, во Ферари се решија да го повикаат Ветел за нова промена на гумите, но, кога сите се надевавме на дека ќе преминат на најбрзата супер-мека или барем меката смеша на Пирели, тие го вратија на патеката со најбавната медиум смеша.
При тоа Германецот беше претекнат од Ботас и Ферстапен, а во подоцнежните фази на трката тој не можеше да најде начин да се врати пред Ред Бул и беше принуден да се задоволи со четвртото место.
Напред, Хамилтон беше недопирлив и ја забележа својата 64-та Победа во кариерата со повеќе од 18 секунди предност пред својот тимски колега, Валтери Ботас.
Ферстапен беше безгрешен во текот на последните кругови и го донесе болидот на Ред Бул до нивниот 150-ти пласман на подиумот, пред единствениот преостанат болид на Ферари.
Рикиардо забележа нови 10 поени со петтото место, додека Кевин Магнусен заврши на шесто место за Хас пред Карлос Саинц ЈР, Алонсо, Перез и Чарлс Леклерк од Заубер кој втора трка по ред забележува поени зад своето име.
Голема Награда на Шпанија, Барселона-Каталуња.
66 круга, 310.238км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Луис Хамилтон Мерцедес AMГ 1ч35:29.972
2. Валтери Ботас Мерцедес АМГ + 20.593
3. Макс Ферстапен Ред Бул + 26.873
4. Себастијан Ветел Ферари + 27.584
5. Даниел Рикиардо Ред Бул + 50.058
6. Кевин Магнусен Хас + 1 круг
7. Карлос Саинц ЈР. Рено + 1 круг
8. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
9. Серџо Перез Форс Индија + 2 круга
10. Чарлс Леклерк Заубер + 2 круга
11. Ленс Строл Вилијамс + 2 круга
12. Маркус Ериксон Заубер + 2 круга
13. Брендон Хартли Торо Росо + 2 круга
14. Сергеј Сироткин Вилијамс + 3 круга
2014 Л.Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч41:05.155
2015 Н.Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч41:12.555
2016 М.Ферстапен - Ред Бул - 1ч41:40.017
2017 Л.Хамилтон - Мерцедес AMГ - 1ч35:56.497
2018 Л.Хамилтон - Мерцедес AMГ - 1ч35:29.972
Најбрз круг: Даниел Рикиардо - 1:18.441
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим
Штофел Вандорн Мекларен
Естебан Окон Форс Индија
Кими Раиконен Ферари
Нико Хулкенберг Рено
Пјер Гасли Торо Росо
Роман Грожан Хас
Генерален Пласман по 5 трки:
ВОЗАЧИ:
1. Луис Хамилтон 95
2. Себастијан Ветел 78
3. Валтери Ботас 58
4. Кими Раиконен 48
5. Даниел Рикиардо 47
6. Макс Ферстапен 33
7. Фернандо Алонсо 32
8. Нико Хулкенберг 22
9. Карлос Саинц ЈР. 19
10. Кевин Магнусен 19
11. Серџо Перез 17
12. Пјер Гасли 12
13. Чарлс Леклерк 9
14. Штофел Вандорн 8
15. Ленс Строл 4
16. Маркус Ериксон 2
17. Естебан Окон 1
18. Брендон Хартли 1
КОНСТРУКТОРИ:
1. Мерцедес АМГ 153
2. Ферари 126
3. Ред Бул 80
4. Рено 41
5. Мекларен 40
6. Хас 19
7. Форс Индија 18
8. Торо Росо 13
9. Заубер 11
10. Вилијамс 4