Ривалите за титулата Луис Хамилтон и Себастијан Ветел ќе бидат вклучени во тестирањата за своите тимови. Британецот кој ја зголеми својата предност на релативно високи 17 поени со доминантната победа во неделата, редовно потенцира дека не е фан на тест сесиите, но, кога Мерцедес АМГ е под најголем притисок од Ферари и Ред Бул, тој ќе седне во болидот за време на првиот тест ден.
Правилата на ФИА диктираат дека секој тим мора на два од вкупно четирите сезонски тест дена да им даде шанса на возачи кои немаат извозено повеќе од две трки, па како резултат на тоа, ќе има многу млади возачи кои ќе добијат шанса во Барселона
ВОЗАЧИ ЗА ПРВАТА СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА
ТИМ | ВТОРНИК, 15/5/2018 | СРЕДА, 16/5/2018 |
Мерцедес АМГ | Луис Хамилтон | Валтери Ботас |
Ферари | Себастијан Ветел | Антонио Џовинаци |
Вилијамс | Оливер Роланд | Роберт Кубица |
Ред Бул | Макс Ферстапен | Џејк Денис |
Рено | Карлос Саинц ЈР. | Џејк Ајкен |
Форс Индија | Латифи/Расел | Мазепин/Латифи |
Торо Росо | Шон Гелајл | Пјер Гасли |
Заубер | Антонио Џовинаци | Чарлс Леклерк |
Мекларен | Норис/Тарви | Норис/Вандорн |
Хас | Роман Грожан | Кевин Магнусен |