На почетокот, Кими Раиконен го имаше најдобриот старт, тој се обиде да го претекне Луис Хамилтон од внатрешната страна, но наиде Ботас и го блокираше во неговата намера. Ритамот на Финецот беше нарушен, а тоа го искористи Себастијан Ветел да се провлече покрај својот тимски колега за третото место.
Зад нив добар старт имаше и Макс Ферстапен, кој го претекна Пјер Гасли со Торо Росо, додека Карлос Саинц ЈР., кој стартуваше петти, се спушти на осмото место. Тоа значеше дека Холанѓанецот го имаше петтото место.
Назад низ поредокот, Даниел Рикиардо, во вториот Ред Бул, стартуваше добро, но имаше контакт со Маркус Ериксон во трката кон првиот свиок. Немаше никаква штета, но Австралијанецот падна на 16-тото место.
Неколку круга подоцна следуваа лоши вести за Ред Бул, кога Ферстапен драматично забави. По тимското радио се пожали дека ја губи моќноста на Рено ПЕ, по што мораше да се паркира покрај патеката и тоа беше крај на трката за него.
Неговиот тимски колега, Даниел Рикардо за десет круга се искачи на 11-тото место, а напред, Луис Хамилтон почна да гради разлика и имаше 3,9 секунди пред Ботас и 6,2 секунди од Ветел. Следуваа Раиконен, Гасли, Магнусен и Саинц ЈР.
Седмото место на Саинц не траеше долго, па во 16-от круг беше претекнат од Рикиардо, кој имаше одличен пробив на тесниот Хунгароринг. Во тој момент започна и периодот за влегување во бокс, по што први на потег беа Раиконен и Ботас кои се вратија на асфалтот со меките гуми на Пирели. Ботас сега беше трет, со Раиконен на четвртото место.
Хамилтон и Ветел останаа на патеката, а Британецот имаше 7,3 секунди пред Ферарито на Германецот. Доброто темпо на Ветел на стартните меки гуми беше причина инженерите на Хамилтон да го повикаат во бокс пет круга подоцна.
Како и сите останати, Хамилтон се врати назад на меки гуми и на второто место пред Ботас и 13.6 секунди зад Ветел, кој продолжи да вози кругови.
Зад нив Рикиардо продолжи да напредува и по 28-миот круг тој беше на петтото место, претекнувајќи ги Магнусен и Гасли.
Раиконен, пак, почна да ја намалува разликата до Ботас, и во 30-от круг Финецот во Ферари беше само 2,3 секунди зад сонародникот во болидот на Мерцедес АМГ.
Напред Ветел, наиде на сообраќај и неговата предност над Хамилтон, кој имаше чиста патека, започна да се намалува и во 36-от круг изнесуваше само 10-тина секунди.
Раиконен се повлече од битката со Ботас за второ застанување во бокс, земајќи нов сет од меките гуми. Тој се врати на 5-тото место и веднаш започна да поставува виолетови времиња, додека тој го бркаше Рикиардо, кој сѐ уште беше на почетните меки гуми.
Еден круг по Раиконен, на потег беше Ветел, кој стартните меки гуми ги замени за ултра-меките. Неговите механичари имаа проблем со предното лево тркало, по што тој се врати на патеката на третото место зад Ботас.
Рикиардо беше последниот од водечките кој во 44-от круг влезе во бокс по ултра-меките гуми. Ефектот беше веднаш видлив и наскоро започна со бележење на виолетови времиња додека се обидуваше да го стигне Раиконен.
Напред, во 55-от круг од трката, Луис Хамилтон имаше 13,7 секунди пред Ботас, додека Ветел на третото место очајнички се обидуваше да го претекне Финецот, но, како што одминуваше времето, тоа повеќе му штетеше на неговите гуми. Меѓутоа, Германецот немаше други можности и мораше да се обидува и понатаму.
Ветел беше опсег на ДРС-системот, но Ботас правеше добра работа во задржувањето на Ферарито зад себе. На крај, неговите напори завршија во 65-от круг, кога Германецот започна напад од надворешната страна низ првиот свиок, за да го престигне од внатрешната страна на влез во вториот свиок. Момент кога Финецот се удри во задниот дел на болидот на Ветел.
И покрај големиот број на карбонски делови од предното крило на Ботас, Ветел претрпе минимална штета и продолжи на второто место зад Хамилтон. Следен во напад беше Раиконен, кој лесно го претекна за третото место.
Во последните кругови Ботас се најде во канџите на Рикиардо, и кога возачот на Ред Бул се обиде да го претекне, Ботас отиде право низ првиот свиокот во болидот на Ред Бул. Двајцата возачи можеа да продолжат, но, од Мерцедес АМГ се решија да му наредат на Ботас да го отстапи четвртото место на Рикиардо поради судирот.
Со тоа Австралијанецот успеа да забележи незамисливи пред трката 12 поени. Ботас остана на петтото место пред Гасли, кој го забележа најдобриот резултат за Торо Росо по неговото четврто место во Бахреин претходно оваа сезона.
Кевин Магнусен беше седми за Хас, додека Фернандо Алонсо го прослави својот 37-ти роденден со осмото место. Последните места кои носат поени беа за Карлос Саинц ЈР. и Роман Грожан.
2018 УНГАРСКО ГРАН ПРИ - ХУНГАРОРИНГ 70 круга, 306.630км., Време: Сончево |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч37:16.427 |
2. | Себастијан Ветел | Ферари | + 17.123 |
3. | Кими Раиконен | Ферари | + 20.101 |
4. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | + 46.419 |
5. | Валтери Ботас* | Мерцедес АМГ | + 60.000 |
6. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 1:13.273 |
7. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
8. | Фернандо Алонсо | Мекларен | + 1 круг |
9. | Карлос Саинц ЈР. | Рено | + 1 круг |
10. | Роман Грожан | Хас | + 1 круг |
11. | Брендон Хартли | Торо Росо | + 1 круг |
12. | Нико Хулкенберг | Рено | + 1 круг |
13. | Естебан Окон | Форс Индија | + 1 круг |
14. | Серџо Перез | Форс Индија | + 1 круг |
15. | Маркус Ериксон | Заубер | + 2 кругa |
16. | Сергеј Сироткин | Вилијамс | + 2 кругa |
17. | Ленс Строл | Вилијамс | + 2 кругa |
НАЈБРЗ КРУГ: ДАНИЕЛ РИКИАРДО - 1:20.012 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
18. | Штофел Вандорн | Мекларен | дефект |
19. | Макс Ферстапен | Ред Бул | дефект |
20. | Чарлс Леклерк | Заубер | дефект |
* 10 секунди додадено време за судирот со Рикиардо
2014 Даниел Рикирадо - Ред Бул - 1ч53:05.0582015 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч46:09.985 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч40:30.115 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч39:46.713 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч37:16.427 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 12 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 213 | |
2. | Себастијан Ветел | 189 | |
3. | Кими Раиконен | 146 | |
4. | Валтери Ботас | 132 | |
5. | Даниел Рикиардо | 118 | |
6. | Макс Ферстапен | 105 | |
7. | Нико Хулкенберг | 52 | |
8. | Кевин Магнусен | 45 | |
9. | Фернандо Алонсо | 44 | |
10. | Серџо Перез | 30 | |
11. | Карлос Саинц ЈР. | 30 | |
12. | Естебан Окон | 29 | |
13. | Пјер Гасли | 26 | |
14. | Роман Грожан | 21 | |
15. | Чарлс Леклерк | 13 | |
16. | Штофел Вандорн | 8 | |
17. | Маркус Ериксон | 5 | |
18. | Ленс Строл | 4 | |
19. | Брендон Хартли | 2 | |
20. | Сергеј Сироткин | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 345 | |
2. | Ферари | 335 | |
3. | Ред Бул | 223 | |
4. | Рено | 82 | |
5. | Хас | 66 | |
6. | Форс Индија | 59 | |
7. | Мекларен | 52 | |
8. | Торо Росо | 28 | |
9. | Заубер | 18 | |
10. | Вилијамс | 4 |