Сепак ова се само тренинг сесии и останува тоа да ни го потврдат на сесиите кои се важат, т.е. утрешните Квалификации. Ред Бул го предводеше врвот пред болидите на Ферари, но Италијанците се познати по тоа што не форсираат на тренинг сесиите.
Возачите на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, беа шести и осми, но, Мерцедес АМГ се реши да немаат квалификациски кругови и се концентрираа на сетирање на болидите за трка со помош на меката смеша на Пирели, која е сигурно повеќе од секунда побавна од Хипер-меката која ја користеа возачите на Ред Бул и Ферари.
Болидите на Рено изгледаа дека имаат брзина, исто како и Заубер, но нивната звезда, Чарлс Леклерк, го имаше најголемиот инцидент на оваа сесија, па неговите механичар ќе имаат доста работа да ја средат предната десна амортизација на неговиот болид. Очигледната негова грешка ја имате на првото видео во прилог на овој пост.
Вториот тренинг ќ се одвива во порепрезентативни услови кои ќе владеат за време на квалификациите и трката, ќе започне под светла во 20:30 по локално време, 14:30 по наше, македонско време.
2018 СИНГАПУР ГП - ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:39.711 | 27 | |
2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:39.912 | + 0.201 | 27 |
3 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:39.997 | + 0.286 | 23 |
4 | Кими Раиконен | Ферари | 1:40.486 | + 0.775 | 21 |
5 | Нико Хулкенберг | Рено | 1:41.105 | + 1.394 | 26 |
6 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:41.232 | + 1.521 | 28 |
7 | Карлос Саинц ЈР. | Рено | 1:41.329 | + 1.618 | 23 |
8 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:41.429 | + 1.718 | 28 |
9 | Чарлс Леклерк | Заубер | 1:42.035 | + 2.324 | 24 |
10 | Роман Грожан | Хас | 1:42.108 | + 2.397 | 21 |
11 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:42.408 | + 2.697 | 23 |
12 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:42.412 | + 2.701 | 25 |
13 | Кевин Магнусен | Хас | 1:42.452 | + 2.741 | 20 |
14 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:42.630 | + 2.919 | 23 |
15 | Естебан Окон | Форс Индија | 1:43.177 | + 3.467 | 25 |
16 | Пјер Гасли | Торо Росо | 1:43.240 | + 3.529 | 25 |
17 | Брендон Хартли | Торо Росо | 1:43.485 | + 3.774 | 30 |
18 | Ленс Строл | Вилијамс | 1:43.849 | + 4.138 | 30 |
19 | Сергеј Сироткин | Вилијамс | 1:44.036 | + 4.325 | 29 |
20 | Штофел Вандорн | Мекларен | 1:45.160 | + 5.449 | 11 |
ИСТОРИЈА - ХИБРИДНА ЕРА - МАРИНА БЕЈ 2014 Фернандо Алонсо - Ферари - 1:49.056 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:47.995 2016 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:45.823 2017 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:42.489 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:39.711 |
|||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |