Сосема е логично што главна звезда на денешната прес-конференцијата во Сингапур беше Кими Раиконен, по неодамнешната објава дека следната година својата кариера ќе ја продолжи во Заубер. Меѓутоа, новинарите не можеа да добијат многу детали од неговите одговори, со што Финецот уште еднаш покажа дека со право го носи својот прекар - ICEMAN.
"Знаете што се случи. Што друго сакате да слушнете? Како што реков многу пати, она што се случува во Ферари не зависи од мене, но, одлуката за приклучување на Заубер е моја. Зошто Заубер? Зошто да не? Затоа што сакав, тоа е сè."
"Зошто се обидувате да ги комплицирате работите? Моментално не знам ништо повеќе од вас, а она што нè очекува следната година, воопшто никој не знае. Се разбира, имам мои причини, добро ги разбирам, и тоа е сосема доволно. И не ми е гајле што мислат другите."
На прашањето, дали ја чувствувате истата страст за тркањето како и порано, Кими со крајно ироничен тон одговори:
"Всушност, не, јас само си играм психолошки игри со мене и онака само одлучив да потпишам двегодишен договор со Заубер, иако не ми се допаѓа сето тоа...", по што сите во прес-салата се насмеаа.
Според Кими Раиконен, тој во Монца дознал дека нема да се натпреварува за Ферари следната година, по што почнал преговори со Заубер:
"Секако, веќе долго време ги познавам луѓето што работат во тимот, и преговорите започнаа по Монца. Иако, пред тоа никако не помислував да се вратам во Заубер. Никогаш не знаеш како ќе се одвиваат настаните, па затоа јас никогаш не правам долгорочни планови. Секогаш се обидувам да се борам за Победите, но, не знам дали оваа цел може да се смета за реална кога ќе седнам зад воланот на Заубер. Сепак, ќе се обидам да покажам што е можно поголеми резултати, па ќе видиме како се ќе се одвива."
КИМИ: ЗОШТО ЗАУБЕР? ЗОШТО ДА НЕ?
9/13/2018 03:53:00 PM
0
Share to other apps