Истото важи и за Пирели, официјалниот снабдувач на Ф1 со пневматици, каде напорно работат на производство на новите гуми, и во согласнот со правилата веќе ги објавија номинациите за првите четири трки од новата сезона, т.е. Големите Награди на Австралија, Бахреин, Кина и Азербејџан.
Од 2019 година, сите номинирани гуми за суво време ќе имаат исто име за сите трки, и тоа тврди(бели), медиум(жолти) и меки(црвени).
Сепак, во зависност од карактеристиките на патеката, тие ќе се бираат направени од достапните пет 2019 смеши, најтврдата означена со С1, до најмеката означена со C5.
Во Австралија, Кина и Азербејџан, тимовите ќе добијат гуми направени од смешите означени со C2, C3 и C4, додека во Бахреин со C1, C2 и C3.
2019 НОМИНАЦИИ НА ПИРЕЛИ | 2018 | |||||
ТРКА | ТВРДИ |
МЕДИУМ |
МЕКИ |
НОМИНАЦИИ НА ПИРЕЛИ | ||
1. АВСТРАЛИЈА | С2 | С3 | С4 | Ме | М | УМ |
2. БАХРЕИН | С1 | С2 | С3 | Т | Ме | М |
3. КИНА | С2 | С3 | С4 | Ме | М | УМ |
4. АЗЕРБЕЈЏАН | С2 | С3 | С4 | Ме | М | УМ |
С1=Т/С2=Ме/С3=М/С4=УМ/С5=ХМ @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |