Новото име на Форс Индија, Рејсинг Поинт, ќе се промени пред почетокот на новата 2019 сезона. Форс Индија официјално стана Рејсинг Поинт Форс Индија пред 2018 Белгиското Гран При, кога овој тим беше прифатен како нов учесник.
Новите сопственици сакаа да го задржат името Форс Индија, но од ФИА им било наложено да се вметне и името на новата компанијата сопственик, предводена од Лоренс Строл, со цел да се разликува од претходната инкарнација како Сахара Форс Индија.
Но, Строл нема посебен афинитет кон името Рејсинг Поинт и во моментов се дискутира за ново име. За разлика од името, розовите бои на болидот, најверојатно остануваат, бидејќи Австриската компанија BWT, останува како спонзор на тимот.
Омар Сафнауер потврди дека неговиот тим во следната година нема да биде познат како Рејсинг Поинт.
"Тоа име е само носител на место на табелата за кое ќе има промени кои ќе бидат објавени пред 2019 сезоната."
РЕЈСИНГ ПОИНТ НАСКОРО СО НОВО ИМЕ
12/04/2018 11:02:00 AM
0
Share to other apps