Како што можете да видите, STR14 е обоен многу слично на претходната сезона, со сина и црвена боја како доминантни, без некои радикални промени. Тимот ќе има комплетно нова возачка постава.
Даниел Квјат и Александар Албон ќе бидат задолжени за постигнување што поголеми успеси со STR14 во текот на 21 трки на новата 2019 сезона.
Двајцата се соочуваат со одлична можност за докажување, Русинот како повратник во Формула 1, додека Британскиот Тајланѓанец ќе дебитира во врвната класа на мотоспортот.
ЛИНК - ПОДЕТАЛНО НА ВОЗАЧИТЕ - ЛИНК
Тимот ќе продолжи да се натпреварува со ПЕ на Хонда, но во оваа сезона ќе биде зголемена нивната соработка со сестринскиот тим на Ред Бул. Новиот STR14 се очекува да има ист заден дел на болидот што ќе се користи и кај RB15. Со тоа ова е и најава за тоа како ќе изгледа задниот дел од новиот болид на тимот од Милтон Кејнс во 2019 година.
Франц Тост, Тимски Шеф: "Имаме многу добaр технички персонал кој може да го подобри минатогодишниот пионерски потфат со Хонда. Позитивните резултати од крајот на минатогодишната сезона дава надеж за поповолен развој на настаните."
"Целта е секогаш да се подобруваме, за да се натпреваруваме на највисоко можно ниво и оваа зима интензивно работевме на неколку организациски промени, за кои се надеваме дека ќе помогнат во елиминирање на неколкуте проблеми што ги доживеавме во минатото. Ние ги анализиравме сите внатрешни процедури со цел да ги оптимизираме нашите сили и да ги минимизираме нашите слабости."
"Во споредба со другите тимови, Торо Росо смета за помал број луѓе, но соработката со Ред Бул, сега кога и тие ќе бидат опремени со Хонда ПЕ, ќе овозможи повеќе време на техничките работни групи да се фокусираат на повеќе детали, a вниманието кон деталите ја прави разликата што носи перформанси.
Тојохару Танабе, технички директор на Хонда Ф1: "Ние во Хонда сме задоволни од начинот на кој се одвиваше партнерството со Торо Росо во 2018 година. Секогаш кога ќе почнете да работите со група луѓе за првпат, може да потрае некое време за секоја група да се прилагоди на начинот на работа на другата. Но, со Торо Росо, можам искрено да кажам, најдовме разбирање за многу брзо време. Тоа беше однос базиран на взаемна доверба и почит и тоа продолжува и денес."
"Нашата цел за новата сезона е да постигнеме подобри резултати отколку во 2018 година за двата тима. За нашето партнерство со Торо Росо, тоа значи да завршиме повисоко во Шампионатот на конструкторо, забележувајќи повеќе поени, да имаме посигурна ПЕ, а можеби дури и да го повториме резултатот од минатогодишното Гран При на Бахреин или уште подобро."
"Сепак, во оваа фаза, не можеме да знаеме што да очекуваме, бидејќи како и во сите останати спортови, нашиот резултат исто така зависи од тоа што направиле нашите ривали."