Мик Шумахер се приклучи на Академијата за возачи на Ферари во Јануари. Имаше неколку тимови заинтересирани да го доведат во свои редови, Шампионот во Европската Формула 3, но Германецот не разгледувал нити една друга опција освен Ферари.
Возачот на Према Рејсинг ја обзнани својата безусловна љубов кон тимот од Маранело, со кој што еден ден сака да го направи последниот чекор кон Формула 1 Шампионатот, а потоа да го повтори успехот на својот татко.
"Јас сум многу среќен и чест ми е да бидам дел од оваа неверојатна приказна, црвената боја е одлична за мене. Нашите срца секогаш беа црвени и секогаш ќе бидат. Некако тоа го чувствував како најдобро за мене и се одлучив кон овој чекор во мојата тркачка кариера."
"Не брзам, јас ќе продолжам со досегашната пракса. Стекнувањето искуство и учењето е главната одлика на младите категории во мотоспортот. И покрај тоа што сега сум во Ф2, што е чекор поблиску до Ф1, многу е важно да се соберат сите можни податоци, да се адаптираш, а потоа, кога ќе дојде вистинското време тие да се искористат."
Минатиот месец тој беше присутен на трката на Шампионите, каде што се сретна со својот сонародник, Себастијан Ветел, па дури и го победи. Заедно во купот на нациите тие завршија на второто место.
"Тоа беше одлична можност да поразговарам со Себастијан, кој има многу искуство во Формула 1. Секогаш е добро да се дружам со него и да зборуваме за многу работи, не само за Ф1, туку и за Ф2 и како да се справам со тркачките викенди."
"Се надевам дека натпреварувањето во Формула 2 ќе ми донесе одредени сознанија за тоа како навистина се работи во модерен Ф1 тим. Го возев Шампионскиот болид на Бенетон од 1994 година, кој е многу сличен на Ф2 болидите. Ќе биде многу интересно да се почувствува брзината и Г-силите, и да видиме како навистина ќе се однесува болидот."
"Но, она што ќе биде уште поважно за мене е да научам како е да се работи со толку многу луѓе зад мене и да го разберам целиот систем. Тоа ќе биде многу посебно и интересно ново искуство за мене и јас со нетрпение очекувам тоа за започне."
МИК ШУМАХЕР: НАШИТЕ СРЦА СЕКОГАШ БЕА ЦРВЕНИ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАТ
2/09/2019 01:11:00 PM
0
Share to other apps