Колку копчиња и прекинувачи има Ф1 воланот и кои се нивните функции?
Нашиот волан за 2019 година има вкупно 25 копчиња и прекинувачи и, се разбира, кумплунгот и лопатките за менување на брзините. Пет од овие копчиња и прекинувачи ги менуваат поставките на сопирачките, возачот може да го префрли балансот на сопирачките од предните кон задните тркала или обратно, за да го оптимизира балансот на сопирачките за поединечниот свиок, да го смени моторното кочење или да ја прилагоди миграцијата на сопирачките, што претставува динамична промена на рамнотежата на сопирачките во зависност од тоа колку е тешко возачот да го сопре болидот.
Следни три прекинувачи го контролираат диференцијалот, износот на вртежен момент помеѓу задните тркала, за влез, средина и излез од одреден свиок. Другите копчиња и прекинувачи имаат различни цели, од прилагодување на подесувањата на ПЕ до промена на податоците кои се прикажуваат на екранот, активирање на радио врската или пак лимитерот на брзина за движење низ боксевите.
ДРС-системот, кој ќе има уште поголем ефект во 2019 година, поради поголемите задни крила, исто така се активира со притискање на копче на воланот. Подетално за останатите функции имате на приложените графики.Кои се најважните копчиња?
Важноста на копчето зависи од ситуацијата. Ако, на пример, возачот повеќе не може да го чуе неговиот тркачки инженер, копчето за контрола на јачината на звукот одеднаш станува многу важно. Ако ова прашање го поставите на возачите, тие најверојатно ќе го изберат Strait прекинувачот, затоа што тој има големо влијание врз перформансите на болидот.
Со него возачот ги контролира режимите на моќност и исто така влијае на перформансите на моторот, како и распоредување на моќноста на системот за обновување на кинетичката енергија.
Но, бидејќи не може секогаш да се користи максималната моќност, туку треба да се мисли и на издржливоста, возачот често се консултира со својот тркачки инженер кој режим треба да го користи во дадено време.Кои карактеристики на воланот се користат најмногу?
Секако дека најкористените функции на воланот се управување на болидот и менувањето на брзините. На пример, во еден типичен круг во Мелбурн, возачот ќе ги користи лопатките за менување на брзините околу 50 пати.
15-те ЛЕД индикатори поставени над екранот на воланот помагаат да се најде идеална точка на пренос. Во прилог на управувањето и менувањето, возачот ќе направи поголем број на прилагодувања на балансот на сопирачките, фино подесување на болидот во одредени свиоци.Од што е направен Ф1 воланот?
Во воланот има многу материјали, но главните состојки се јаглеродни влакна, фиберглас, силициум, титаниум и бакар. Овие пет елементи се главните компоненти на неколку стотици поединечни делови кои ги формираат поголемите компоненти на Ф1 воланот. Поголемиот дел од овие компоненти, кола, комори, куќиште и.т.н. се изградени во нашата фабрика во Беркли. Само две компоненти, централниот екран и матичната плоча не се изградени кај нас, бидејќи тие се заеднички делови кои ги делат сите тимови.Дали воланот е изменет во споредба со минатата година?
Нашиот волан од 2019 е еволуцијата на минатогодишниот дизајн. Ние направивме некои промени, но повеќето од нив нема да бидат видливи однадвор.Дали возачите се вклучени во процесот на дизајнирање на воланот?
Да, всушност, тие се многу вклучени во процесот на дизајнирање, бидејќи воланите се изградени според нивните индивидуални потреби. Ергономијата на воланот, како и неговиот физички облик и поставеноста на копчињата, прекинувачите и лопатките за менување брзини се дизајнирани според начинот на кој тие сакаат да комуницираат со воланот. Овие промени не се прават само на почетокот на сезоната. Дизајнот на воланите е континуиран процес. Во текот на сезоната, возачите можат да бараат нивна промена, доколку е тоа потребно.Колку е тешко да ги притискате различните копчиња кога болидот се движи со полна брзина?
Многу тешко. Ф1 болидот не само што е многу брз, туку има и големи вибрации, особено на патеките со нерамен асфалт. Фактот што возачите носат ракавици и што копчињата се релативно мали, не го олеснува нивното менаџирање со воланот.
Но, постојат неколку работи кои го олеснуваат манипулирањето со различните копчиња. За да се намали ризикот од случајно притискање на погрешно копче, тимот користи копчиња кои се користат и кај авионите. Овие копчиња со голема сигурност, не се направени само за да издржат голем број на активирања, туку исто така бараат употреба на поголема тактилна сила и му даваат на возачот јасен сигнал на кликање кога одредено копче се активира.
Тимот, исто така, инсталира мали пластични штитници околу одредени копчиња за да се минимизира ризикот од погрешно притискање на тоа копче. Тие се особено важни на патеките каде има многу свиоци како Монако. Покрај тоа, тимот секогаш будно ја следи телеметријата на болидот, па може веднаш да го информира возачот ако случајно притисне погрешно копче или прекинувач.Колку волани има возачот за една сезона?
Во текот на една сезона, секој возач добива од три до четири волани. Потребни се околу 80 часа за еден волан да се состави. Во процесот на неговиот дизајн и конструкција потребни се инженери од повеќе оддели.