Од тимот на Ферари официјално го објавија изгледот на нивниот болид, SF90, за трката во Австралија. Медиумите и Институциите за јавно-здравје во Австралија покренаа постапка за утврдување на легалноста на брендирањето на Ферари болидот со логоа на тутунскиот магнат, Филип Морис Интернационал.
Како последица на тоа логоата на Mission Winnow се заменети со логоата за прослава на 90-годишнината од основањето на овој тим. 2019-та е посебна година за Скудерија Ферари, компанија основата пред 90 години, во далечната 1929 година, од Енцо Ферари и неговите соработници.
Со името на овогодинешниот болид, SF90, веќе се прославува оваа годишнина, но за време на Австралиското Гран При, изгледот на SF90, тркачките комбинезони на возачите и дел од опремата на тимот ќе го носи логото со кое се слави 90 години од нивното постоење. Веќе од трката во Бахреин се враќаат логоата на Mission Winnow.
БОНУС: Видео од патеката Каталуња, Барселона
ПРЕЗЕНТИРАН НОВИОТ ИЗГЛЕД НА ФЕРАРИ, SF90
3/13/2019 12:05:00 AM
0
Share to other apps