Се воведува ново правило за наградување со еден поен на возачот кој го забележал најбрзиот круг во трката, но, под услов да финишира во топ 10 пласман.
Со денешната едногласна одлука ова правило стана дел од спортските прописи и ќе важи веднаш од првата трка во 2019 календарот, т.е. Големата Награда на Австралија. Покрај за возачот кој ќе го има најбрзиот круг, еден поен, ќе добие и тимот на кој тој возач е член.