Формула 1 карванот се сели во Бахреин за втората трка од 2019 календарот. Меѓународната Патека Бахреин, која е лоцирана во средина на пустина, носи неколку предизвици - од жешкото време до песокот на асфалтот, како и распоредот на сесиите. Инженерите на Мерцедес АМГ ни објаснуваат како Ф1 тимовите се справуваат со тие предизвици.
- Какви температури можеме да очекуваме во Бахреин?
Во последниве години, температурите на воздухот се искачуваа до 38 Целзиусови степени, па и повеќе во текот на денот, при што температурата на асфалтот се движи и до 50 степени.
Значи, од една страна имаме екстремно високи температури во текот на денот, но, од друга страна кога ќе зајде сонцето, тие значително опаѓаат.
Вториот Тренинг, Квалификациите и Трката се одржуваат во 18 часот по локално време, што значи дека овие сесии обично се одржуваат во поудобни услови, со надворешни температури од средни до високи 20 или ниски 30 и температури на асфалт во средината на 30 степени.
Оваа година, температурите се предвидени да бидат малку пониски, дури и со можност за лесен дожд во деновите пред викендот.
- Како Ф1 болидите реагираат на високи температури?
Голем број компоненти, особено погонската единица, менувачот и електрониката на болидот, би можеле да се оштетат ако тимот дозволи тие подолго време да оперираат над нивните температурни ограничувања.
Значи, кога W10 треба да вози во топла клима, тимот мора да ја отвори каросеријата на истиот за дополнително ладење со цел да го спречи прегревањето на тие компоненти.
Меѓутоа, отворањето на каросеријата значи губење на аеродинамичните перформанси, бидејќи дополнителните влезови за воздух создаваат поголем отпор и исто така го нарушуваат протокот на воздух околу болидот, што негативно влијае на ефикасноста на задното крило и дифузерот.
Во зависност од тоа кој аероконфигурација се употребува, разликата во забележаните времиња по круг може да биде значителна. Целосно затворен болид ќе биде за неколку десетинки од секундата побрз во споредба со оној што е отворен за максимално ладење.
- Може ли тимовите да имаат различна конфигурација за ладење во квалификациите и трката?
Да и не. Прописите наведуваат дека Ф1 тимовите треба да ја започнат трката со истата конфигурација за ладење што ја имаат во квалификациите, што значи дека ладењето не може да се смени во Parc Ferme.
Меѓутоа, каросеријата може потенцијално да се отвори за време на пит-стоп, ако сензорите на возилото покажат дека одредени компоненти се загреваат. Најлесно е да се отвори каросеријата зад држачот на главата на возачот.
Решетките од тој панел може да се покријат за Квалификациите и при првиот пит-стоп, капакот лесно може да се отстрани за да додадете уште три до пет проценти дополнителното ладење за вториот стинт.
- Првиот и Третиот Тренинг се одвиваат во многу потопли услови. Вториот Тренинг, Квалификациите и Трката се одвиваат при пониски температури. Кои импликации ги имате поради тоа?
Промената во амбиенталните услови помеѓу сесиите значи дека репрезентативното возење е ограничено. Вториот Тренинг е единствената сесија со слични услови за трката, така што тимовите за време на него ќе се фокусираат на нивните тркачки програми.
Првиот Тренинг можеби не е идеален за тркачки симулации, но тоа е време кога тимовите може да тестираат нови делови или да работат на нивното разбирање на 2019 гумите, знаејќи дека жешките услови може да доведат до нивна брза деградација и прегревање на задниот дел.
Третиот Тренинг во саботата е обично посветен на подесувања на болидот за еден брз круг и време кога возачите имаат многу т.н. cooldown кругови за да ги вратат гумите во температурниот прозорец за почеток на следниот круг.
- Колку се корисни податоците од FP1 и FP3 за остатокот од викендот?
Додека поголемиот дел од подготовките за трката се спроведуваат за време на вториот тренинг, тимовите можат да направат одредени мали подесувања и при топлите сесии.
Сепак, од клучно значење е да не се претера, така што тимовите мора да бидат екстра внимателни за да ги направат вистинските прилагодувања на балансот на болидот.
- Дали има други околности кои го прават тркањето во Бахреин деликатно?
Меѓународната патека Бахреин се наоѓа на поранешна фарма на камили во рурална и рамна површина, опкружена со пустини и песок, со ветрови што лесно го наносуваат песокот на асфалтот.
Кога Формула 1 првпат дојде во Бахреин, инженерите се прашуваа дали песокот може да има штетен ефект врз системите на болидот и дали ќе им требаат специјални филтри за да го задржат тој песок.
Денес, 15 години подоцна, знаеме дека не се потребни посебни филтри, но песокот има абразивен ефект, кој има негативно влијание врз аеро површините. Сепак, патеката релативно брзо се чисти.
Ова значи дека најголемото влијание на песокот е на почетокот од сесиите, при што се создаваат непријатни моменти, кога тимовите чекаат еден на друг за да излезат први и да ја исчистат патеката.
БАХРЕИН ГП - ТРКА ВО ПУСТИНА
3/27/2019 11:35:00 AM
0
Share to other apps