За тоа се погрижи Валтери Ботас кој ја премина целната линија како втор, во уште една доминантна трка за Сребрените стрели.
Зад Мерцедес АМГ, третото место на подиумот на Ветел беше обезбедено со тимска наредба, кога на почетокот од трката, Чарлс Леклер, беше принуден да го пропушти својот тимски колега, при што Моначанецот заврши на за него фрустрирачкото петто место, зад болидот на Макс Ферстапен.
Британецот на почетокот од трката имаше добар старт од втората позиција на гридот, и по првиот свиок успеа да го превземе водството од својот тимски колега, Валтери Ботас, кој стартуваше од Пол позицијата.
Тоа беше решавачки момент за Победникот на денешната трка за ГН на Кина, што го потврди во својата изјава и Финецот кој рече дека малото пролизгување на тркалата го чинело многу.
Стартувајќи од истата десна страна на гридот, како и Хамилтон, Чарлс Леклер со својот Ферари, успеа да го украде третото место од неговиот тимски колега, Себастијан Ветел.
Зад нив Ферстапен ја задржа петтата позиција, пред тимскиот колега од Ред Бул, Пјер Гасли, кој ги предводеше возачите кои стартуваа на помеката смеша на Пирели.
Првите неколку свиоци поминаа без поголеми инциденти, но тоа не беше така и низ шестиот свиок, кога двата болиди на Мекларен беа исфрлени од игра по битката со Даниел Квјат со Торо Росо.
Ландо Норис имаше оштетување на подот, додека Саинц Јр. го оштети неговото предно крило. Двајцата беа приморани да заминат во бокс за поправка на болидите, но, повторно се вратија на патеката. Набргу беше соопштено дека Даниел Квјат е виновникот за овој судир и му беше доделена казна со возење низ пит линијата.
По стартните возбудувања, Луис Хамилтон започна со билдање на предност пред неговиот тимски колега, додека возачите на Ферари заостануваа и не можеа да го следат нивното темпо. Веќе до 10-от круг беше јасно дека Сребрените стрели ќе имаат лесна 1-2 Победа во Кина.
Назад Себастијан Ветел на четвртото место константно се држеше во ДРС-опсегот на својот тимски колега, но не можеше да се доближи доволно блиску за да го нападне Моначанецот.
Следуваше сомнителна стратегија од страна на Италијанците, со наредбата кон Леклер да го пропушти Германецот, кој не делуваше дека е побрз, што и се потврди веќе по неколку круга. Враќање назад за нив веќе немаше... Се решија да ја ризикуваат трката на Моначанецот, наместо таа на Ветел.
На крајот од 17-от круг, прв од водечките за промена на гуми се одлучи Макс Ферстапен и се врати на патеката со бели гуми. Реагирајќи на заканата, Ферари го следеше овој потег, па Ветел беше повикан во бокс веќе во следниот круг.
Старт на Кинеското ГП
Сепак, доцното притискање на сопирачките ги блокира неговите предни тркала, и Себастијан Ветел со крајни напори успеа да ја задржи својата позиција, при што Ферстапен беше принуден да излезе на тревата. Тоа беше единствената реална шанса на Холандскиот возач и откако гумите на Ветел беа во добра состојба, почна да се оддалечува од Ред Булот.
Следуваше досаден период на денешната трка се до втората серија на пит-стопа, која исто така ја започна Ферстапен. На Холанѓанецот не му одговараа тврдите гуми, па во 34-от круг се реши за промена на медиум, жолтите гуми на Пирели. Ферари веднаш одговори со истиот потег за Себастијан Ветел.
Мерцедес АМГ и покрај солидната предност се реши да не ја повтори грешката од минатата година, да ја изгуби трката ако излезе Безбедносното Возило, па затоа се реши истовремено да ги повика двајцата возачи во бокс.
И покрај перфектното двојно менување на гуми, Валтери Ботас падна на третото место, но набрзо беше во можност да го претекне Леклер со стари гуми, и покрај храбрата одбрана на возачот на Ферари.
Себастијан Ветел, исто така, започна да се доближува до Леклер и кога стана јасно дека младиот возач на Ферари не ќе може да се задржи до крајот на трката со тие гуми беше повикан во бокс. Тоа му овозможи на Макс Ферстапен да се врати на четвртото место, со 15 секунди предност пред Ферарито.
Редоследот на врвот остана непроменет до крајот на трката, при што Луис Хамилтон стигна до неговата 75-та Победа во кариерата пред Ботас, Ветел и Ферстапен.
Петтото место беше за Леклер, пред Пјер Гасли, кој на крајот се реши за влез во бокс и со промена на меките гуми да го забележи најбрзиот круг на трката. Неговата голема предност пред Даниел Рикиардо со Рено го овозможи овој потег.
Конечно пласман во бодови со шестото место за Даниел Рикиардо, пред Серџо Перез, Кими Раиконен и Алекс Албон со Торо Росо, кој го освои последниот поен по стартот од пит-линијата.
Голема награда на Кина, Шангај. 56 круга, 305.066км., Време: Суво. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч32:06.350 |
2. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 6.552 |
3. | Себастијан Ветел | Ферари | + 13.744 |
4. | Макс Верстапен | Ред Бул | + 27.627 |
5. | Чарлс Леклер | Ферари | + 31.276 |
6. | Пјер Гасли | Ред Бул | + 1:29.307 |
7. | Даниел Рикиардо | Рено | + 1 круг |
8. | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
9. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
10. | Алекс Албон | Торо Росо | + 1 круг |
11. | Роман Грожан | Хас | + 1 круг |
12. | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | + 1 круг |
13. | Кевин Магнусен | Хас | + 1 круг |
14. | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | + 1 круг |
15. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
16. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 2 круга |
17. | Роберт Кубица | Вилијамс | + 2 круга |
18. | Ландо Норис | Мекларен | дефект |
НАЈБРЗ КРУГ: ПЈЕР ГАСЛИ - 1:34.742 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
19. | Даниел Квјат | Торо Росо | дефект |
20. | Нико Хулкенберг | Рено | дефект |
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч33:28.338 2015 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч39:42.008 2016 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч38:53.891 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч37:36.158 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1ч35:36.380 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч32:06.350 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 3/21*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 68 | |
2. | Валтери Ботас | 62 | |
3. | Макс Верстапен | 39 | |
4. | Себастијан Ветел | 37 | |
5. | Чарлс Леклер | 36 | |
6. | Пјер Гасли | 13 | |
7. | Кими Раиконен | 12 | |
8. | Кевин Магнусен | 8 | |
9. | Ландо Норис | 8 | |
10. | Даниел Рикиардо | 6 | |
11. | Нико Хулкенберг | 6 | |
12. | Серџо Перез | 5 | |
13. | Алекс Албон | 3 | |
14. | Ленс Строл | 2 | |
15. | Даниел Квјат | 1 | |
16. | Џорџ Расел | 0 | |
17. | Роберт Кубица | 0 | |
18. | Роман Грожан | 0 | |
19. | Антонио Џовинаци | 0 | |
20. | Карлос Саинц ЈР. | 0 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 130 | |
2. | Ферари | 73 | |
3. | Ред Бул | 52 | |
4. | Алфа Ромео | 12 | |
5. | Рено | 12 | |
6. | Хас | 8 | |
7. | Мекларен | 8 | |
8. | Рејсинг Поинт | 7 | |
9. | Торо Росо | 4 | |
10. | Вилијамс | 0 |