По одбележувањето на значајниот јубилеј за Формула 1, 1000-тата трка во Кина, шампионатот сега се движи кон Азербејџан, за 1001-то Гран При. Луис Хамилтон и Валтери Ботас имаа фантастичен почеток на оваа 2019 сезона, забележувајќи ги сите победи на досегашните три трки.
Градската патека во Баку беше домаќин во само три претходни прилики. Победникот на инаугуративната трка во 2016 сезоната беше Нико Розберг. Првично, трката во Баку доби статус на Голема Награда на Европа, но од 2017 година, таа беше преименувана како Голема Награда на Азербејџан.
Минатата година, Луис беше во можност да ја забележи неговата прва Победа на улиците на Баку, откако Валтери Ботас беше принудена да се повлече поради дупната гума во завршната фаза на трката и тоа додека беше во водство.
Со 2 Победи и 2 Пол позиции, Мерцедес АМГ е водечкиот тим во кратката Ф1 историја на Азербејџан Гран При-то. Третата победа е за Даниел Рикардо со болидот на Ред Бул.
Патеката во Баку со своите шест километри е втора по должина на кругот во сегашниот календар, веднаш зад СПА-Франкоршамп. Најдобро и реално остварливо место за претекнување е првиот свиок.
Таа претставува необичен спој на претежно бавни свиоци, за кои е потребна слична конфигурација на потисната сила како во Монако, и многу долги правци, на кои нивото на потисната сила е слично на Монца.
Останува на тимовите да го пронајдат оптималниот сооднос на овие две екстремно спротивни конфигурации во однос на потисната сила. Кратката историја на трката сугерира дека не постои едно решение што одговара на сите предизвици.
Баку е патека која умерено ги оптеретува сопирачките, но, за инженерите, потежок е предизвикот на нивно ладење. Патеката бара високо ниво на ладење, со многу точки на сопирање и многу кратки интервали за ладење помеѓу нив, но премногу ладење ќе ги остави сопирачките студени на влез во првиот свиок по долгиот правец и единствената добра шанса за претекнување може да биде уништена.
Од Пирели за стандардно обоените Бели-Тврди, Медиум-Жолти и Меки-Црвени гуми за трката во Баку се решија да ги користат смешите C2, C3 и C4.
Традиционално тимовите најголем број на сетови избираат од најмеките црвени гуми, а речиси сите во свој посед имаат само еден сет од најтврдата смеша, освен Рикиардо, Раиконен, Квјат и Расел кои се решија за два сета од истите.
Минатата година, повеќето возачи имаа стратегија од едно менување на гуми.
Временската прогноза за викендот во Баку најавува суво и сончево време, не многу топло, и традиционално силниот ветер. Баку не за бадијала се нарекува "ветровитиот град".
Првиот предпладневен тренинг ќе се одвива на нешто постудена време од околу +12 степени целзиусови. Додека попладнето температурата на воздухот се искачи до +18 степени. Брзината не ветер се очекува да биде околу 20 км/ч.
Во саботата и недела температурите ќе се движат околу +17 степени, додека ветерот ќе се зголеми на 28 км/ч. За време на викендот не се очекуваат врнежи од дожд.
Во генералниот пласман кај возачите Луис Хамилтон доаѓа во Баку со водство од шест поени во однос на Валтери Ботас. Макс Верстапен е на третото место со 39 поени, два повеќе од Себастијан Ветел.
Битката кај конструкторите, со трите 1-2 Победи на Мерцедес АМГ, е со голема разлика, 57 поени, во корист на сребрените стрели. Секако ова не е многу реална слика на силите, бидејќи тимот на Ферари го следат премногу дефекти и стратегиски грешки.
НАЈАВА НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА АЗЕРБЕЈЏАН
4/25/2019 02:41:00 PM
0
Share to other apps