- Прво и основно, тоа е улична патека, што значи дека се тркате на релативно тесни патишта, особено во стариот град, со цврсти бариери и само неколку места погодни за излетување.
Секако тоа не го отежнува возењето на болидот, но тоа значи дека грешките имаат поголеми последици. Ако нешто погрешите во Баку, шансите се вашиот викендот да стане многу потивок, додека оној на вашите механичари одеднаш е многу понапорен.
Кои се другите предизвици?
- Доведувањето на гумите во оптималниот температурен опсег е од клучно значење. Формула 1 пневматиците работат на температура од околу 100 степени за да обезбедат оптимални нивоа на грип.
Постигнувањето на оптималната температура, особено на предните гуми, може да биде доста тешко во Баку. Големата Награда на Азербејџан, која што се одвива релативно рано во годината, нуди многу ниски температури на асфалтот, па Баку има потенцијал да биде најладната патека што ќе ја видиме во целиот календар за оваа сезона.
За време на минатогодишната трка, температурите на патеката во просек беа околу 25 Целзиусови степени, релативно ладен асфалт за гумите на Формула 1 болидите. Дури и во сончев ден, големи делови од патеката се во сенка и не се загреваат.
Друг предизвик е поставеноста на патеката, додека гумите се ладат на долгите правци, бавните свиоци не создаваат многу енергија за да ги загреат.
Овој преизвик се влошува во услови на излегување на безбедносното возило, кога болидите мора да возат побавно од вообичаеното, со што низ гумите поминува уште помалку енергија. Затоа агресивните маневри за затоплување на гумите се доста чести во Баку.
Дали необичниот изглед на патеката создава дополнителни тешкотии?
Градската патеката во Баку има уникатен распоред бидејќи во основа е две патеки во една, таа е половина Монца и половина Монако. Долгите правци со нагло сопирање на краевите покажува сличности со патеката во Италија, додека кривулестиот, тесен дел кој поминува низ старото градско јадро ги има некои од карактеристиките на Монте Карло. Оваа необична мешавина на карактерни црти го прави подесувањето на болидот не така лесна задача.
Сопирачките, на пример, значително се ладат на долгиот правец пред првиот свиок, многу под идеалната температура која им е потребна да се најефективни. Затварањето на каналите за нивно ладење, со што се овозможува тие да бидат што е можно потопли за првиот свиок, би било идеално во тој дел.
Сепак, тоа би ги прегреало во стариот дел на градот, каде што отсуството на подолги правци не дозволува нивно ладење меѓу свиоците, барајќи поголем проток на воздух низ каналите за нивно ладење отколку што тимовите би посакувале за "Монца" делот од оваа патека.
Што значи овој распоред на патеката кога е вo прашање потисната сила на болидите?
Повторно станува збор за некаков компромис. Кога Ф1 првпат дојде во Баку во 2016 година, тимовите ги подесуваа болидите со повисока потисна сила, за што поголема брзина во бавните свиоци.
Подоцна, сфаќајќи дека таа поставеност ги чини многу време на долгите правци, подесувањето за потисната сила започна да опаѓа. Денес иако подесувањето на болидот не го достигнува нивото на Монца, сепак, тие се во средна, кон ниска потисна сила како во СПА-Франкоршамп или Монтреал.
Колку факторот безбедносно возило влијае на стратегијата за трката?
При излегување на безбедносното возило најнезгодниот момент е рестартирањето на трката. Ова е особено важно на патеките како Баку, каде што стартниот правец нуди многу можности за претекнување и да бидете лидер во тој момент е малку неповолна ситуација.
Ако тргнете прерано ќе го стигнете безбедносното возило пред да влезе во пит-линијата. Додека ако тргнете премногу доцна, може да бидете лесна цел на болидите наредени во вашата заветрина.
Затоа за време на подготовките за Големата Награда на Азербејџан, тимовите многу повеќе внимание посветуваат на процедурите за рестарт на трката, отколку на било која друга патека, поради големиот избор на опции.