300. Досега само неколку возачи во историјата на Формула 1 постигнаа такви височини во однос на стартувани Гран При трки, а овој викенд оваа бројка ќе ја достигне и Кими Раиконен, еден и единствен. Да, членовите на неговиот тим мораа да му кажат за овој јубилеј.
"ВОЗЕЊЕТО Е ЕДИНСТВЕНОТО НЕШТО ШТО МИ СЕ ДОПАЃА ВО ФОРМУЛА 1", е една од неговите легендарни изјави, од која може да се заклучи дека бројките не му значат многу. Исто така, не очекувајте кацига со посвета. "ЈА ЗАШТИТУВА МОЈАТА ГЛАВА", тоа е сè што прави - како да не се согласите?
Формула 1 ќе организира одбележување на овој јубилеј, на гридот, пред стартот на трката, па, се надеваме дека нема да со поклопи со паузата на Кими...
ТОЈ НЕ Е ВО Ф1 ДА ИМ УДОВОЛУВА НА ЛУЃЕТО, ТОЈ Е ТУКА ДА ГО ДАДЕ НАЈДОБРОТО ОД СЕБЕ.
Од своето деби во Австралија 2001 година, Кими Раиконен стана еден од симболите на Формула 1. Победник на 21-на трка, тој може да тврди дека 19-те години во спортот, со двегодишна пауза, не го промениле... Вистината е, го променија.
Дебитантот, кој го привлече вниманието во Мелбурн, пред речиси две децении, кога скоро ја пропушти својата прва трка, поради дремка во гаражата, сега е Ф1 Шампион и горд семеен човек, сопруг на Минту и татко на Робин и Ријана.
Професионално, тој ужива во возењето за тимот на Алфа Ромео како релаксиран, среќен возач што прави она што најдобро умее. Времето и искуството ги менуваат луѓето. Но, карактерот на Кими, е тој кој никогаш не се менува. Да пробате да го промените е залудна работа.
САМО ОСТАВЕТЕ ГО РААТ. ТОЈ СИ ЗНАЕ ШТО ПРАВИ.
Кими Раиконен: "Сите зборуваат за мојата 300-та трка, но, мене повеќе ме интересираат нашите резултати. Тестот во Барселона беше важен за нас, за подобро да ги разбереме нашите проблеми, но искрено не знам колку ќе биде нашиот болид добар и како ќе му одговара патеката во Монте Карло."
КИМИ РАИКОНЕН ВО МОНАКО ЌЕ ОДБЕЛЕЖИ ЈУБИЛЕЈ, 300 Ф1 ТРКИ
5/22/2019 03:19:00 PM
0
Share to other apps



