66-тата ГН во Монако започнува со тажно расположение по смртта на легендарниот Австриски возач, Ники Лауда, на возраст од седумдесет години. Трката секогаш се возеше на истите улици на Кнежевството, иако распоредот и должината на патеката имаат единаесет помали промени. Сегашната должина е 3.337 километри.
Традиционално, Монако е една од најтешките патеки за престигнување, таа е тесна и оградена со многу блиски бариери, без брзи свиоци, со два кратки правци и најниска просечна брзина на сезоната со околу 160 км/ч.
Постојат само малку можности за успешно престигнување, од кои најпогодно место е излезот од тунелот при сопирањето за влез во двојната шикана, но возачите мора да бидат внимателни затоа што излегувањето од тркачката линија може да значи и губење на контрола врз болидот.
Монако бара одредена техника на возење во близина на бариери и ова е место каде што возачот може да направи вистинска разлика. Тоа е тест на ментална сила на возачите, бидејќи треба да се задржи концентрацијата на високо ниво во секој момент од текот на трката.
Не е некое изненадување што од Пирели ги номинираа нивните најмеки смеши за Монако, со тоа што C5 смешата во голема мерка е еквивалентен на минатогодишната хипер-мека гума, но сега е дизајнирана да има помалку грејнинг при поладни температури и да им даде поголема можност на возачите повеќе да форсираат од почеток до крај на стинтот.
Монако е уникатна локација за тркање, место каде треба особено да се внимава на сите можни стратегиски варијанти, особено ако има излегување на безбедносно возило.
| ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА ВИКЕНДОТ | |||
| СЕСИЈА | ВРЕМЕ | ПРОГНОЗА | |
| ТРЕНИНГ 1 | 11:00-12:30 MK | Делумно облачно, 18/21°C | |
| ТРЕНИНГ 2 | 15:00-16:30 MK | Претежно Сончево, 20/24°C | |
| ТРЕНИНГ 3 | 12:00-13:00 MK | Облачно, 19/21°C | |
| КВАЛИФИКАЦИИ | 15:00-16:00 MK | ПретежноОблачно, 19/22°C | |
| 47% шанси за дожд | |||
| ТРКА | 15:10 MK | Претежно Сончево, 20/25°C | |
| 47% шанси за дожд | |||
| Извор: Accuweather | |||
| @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||
Возачот прави повеќе од 130 потези со воланoт за време на еден круг, и менува степен на пренос во просек на секои 50 метри. Loews свиокот се поминува со најмалата брзина во сезоната од само 47 км/ч. Ова е патека каде ПЕ не игра многу важна улога, со висок степен на искористување на енергијата, туку се е до аеродинамичката потисна сила која е навистина важна.
Големата Награда на Монако можеби е ултимативен тест за талентот на возачот, а за време на овој викенд, момците на второ и трето место во генералниот пласман на возачи имаат нова шанса да сè докажат.
Валтери Ботас и Макс Верстапен имаат слаби резултати во Монте Карло, со четврто и петто освоено место во 2017 година, како најдобри пласмани, па се помалку од финиш на победничкиот подиум ќе биде разочарување.
Мерцедес АМГ покажа моќни перформанси во третиот сектор на Каталуња, што е лакмусов тест за брзината во Монте Карло, па со тоа притисокот е на Валтери Ботас кој треба да остане во чекор со моменталниот лидер и тимски колега, Луис Хамилтон. И сигурно ќе му треба подобар старт отколку тој во Шпанија.
Во однос на Верстапен, неговите повеќекратни излетувања во Кнежевството едноставно мора да престанат! Ред Бул, најверојатно, нема да биде толку силен како во изминатите две сезони, иако донесоа некои нови ажурирања на Монте Карло, но ќе почекаме да видиме како ќе поминат денешните, четврточни тренинг сесии. Во Монте Карло петокот е слободен ден.







