Мерцедес-Бенц Формула 1 болид, W196 R со отворени тркала, 1955. Студиска Фотографија. |
Сепак, влегувањето во нов мото шампионат никогаш не е лесна работа, особено кога ќе пристигнете на забавата со неколку години задоцнување, а реномирани конкуренти, како што се Ферари и Масерати, веќе имаат бројни Победи на трките, па дури и Шампионски Титули.
Новиот болид имаше неколку трикови во својот ракав и кога конечно беше време да се натпреварува на својата прва трка, Големата Награда на Франција, која се одржа на 4 Јули 1954 година во Рејмс, W196 покажа колку е способен. Во рацете на Хуан Мануел Фанџо, Мерцедес-Бенц ја освои својата прва трка во Формула 1.
Во својата прва спецификација од 1954 година, W196 беше опремен со 2.5-литарски 8-цилиндричен мотор со излезна моќност од 256КС (188kW) и два различни типови на каросеријата.
Првата варијанта имала класичен облик со отворени тркала што изгледаше релативно слично на другите болиди од своето време. Но, тука беше и верзијата позната како "streamliner", болид кој беше аеродинамички оптимизиран за да го намали отпорот на воздухот и затоа беше исклучително силен на патеките со неколку свиоци и долги правци.
Формула 1 болидот на Мерцедес-Бенц со оптимизирана каросерија. W196R "streamliner" |
Мерцедес-Бенц остана во Формула 1 две сезони и освои девет од дванаесетте трки на кои се натпреваруваше. Осум од тие беа Победи на Хуан-Мануел Фанџо, кој беше Ф1 Шампион во 1954 и 1955 година со помош на W196.
Во својата прва година, Хуан-Мануел Фанџо возеше заедно со Карл Клинг и Ханс Херман, кои успеаа да забележат плсмани на Победничкиот подиум, како и Херман Ланг.
Следната година, Стирлинг Мос, Андре Симон, Пјеро Таруфи се приклучија на тимот, од кои само Мос беше единствениот друг возач заедно со Фанџо кој победи на Ф1 трка со Мерцедес во 1950-тите.
1994 Формула 1 моторот на Мерцедес-Бенц. |
Пред 25 години - Враќање во Формула 1 како производител на мотори.
Во 1994 година, 39 години откако Мерцедес-Бенц последен пат се натпреваруваше во Формула 1, брендот официјално се врати како производител на мотори за тимот на Заубер.
Партнерството беше изградено врз претходните достигнувања на соработка во останати тркачки шампионати. Заубер-Мерцедес беше Победник на 24 часа Ле Ман во 1989 и Шампионатите на спортски прототипови во 1989 и 1990 година.
Sauber C12 |
Во 1995 година, Мерцедес влезе во партнерство со Мекларен и ја освои својата прва трка во 1997 година. Една година подоцна тимот со помош на Мерцедес моторите го освои Шампионатот во конструктори, додека Мика Хакинен беше Победник во Шампионатот за возачи. Ова достигнување беше повторено во 1999 година.
Мекларен MP4-23, Ф1 болидот од 2008 година. Управуван од Луис Хамилтон, Шампион во Формула 1 во 2008 година. Студиска Фотографија. |
2010 - Кам-Бек на Мерцедес во Формула 1.
2019 е десеттата сезона за Мерцедес како самостоен Формула 1 тим. Веста за враќањето на Мерцедес во Ф1 Шампионатот силно одекна во 2009 година, доплнително засилена кога беше објавена возачката постава со Нико Розберг и враќањето на седумкратниот Ф1 Шампион, Михаел Шумахер.
Од самиот почеток, тимот можеше да смета на поддршката на својот главен спонзор ПЕТРОНАС. Враќањето во Формула 1 не беше лесно и тимот се соочи со огромни предизвици во наредните години. Мерцедес АМГ се натпреваруваше повеќе од две сезони пред тимот да ја забележи својата прва победа по кам-бекот и тоа на Големата Награда на Кина во 2012 година со Нико Розберг зад воланот.
После тоа, беше потребна уште една година, додека тимот повторно не победи. Луис Хамилтон и Тото Волф се приклучија на тимот во сезоната 2013, година во која тимот покажа некои од своите способности како Мерцедес АМГ Петронас со освојување на второто место во Шампионатот на конструктори.
Од 2014 година, тимот освои 5 последователни Титули кај возачите и конструкторите, со што го изедначи рекордот на Ферари за најмногу последователни двојни Титули од раните 2000-ти.
На трката што следи овој викенд, Големата Награда на Германија, тимот ќе одбележи уште еден јубилеј во својата мотоспорт историја, а тоа е 200 стартувани трки за Мерцедес-Бенц во Формула 1.