Мерцедес-Бенц - до 750 кг тркачки автомобил - W25, 1934 година. Студиска фотографија. |
Мерцедес-Бенц W25 - "првата сребрена стрела" - на Ајфелренен во 1934 година. Луиџи Фаџиоли (стартен број 22) |
Покрај максималната тежина, прописите оставија многу простор за иновации, а не го ограничуваа дизајнот на автомобилот на кој било друг начин. Мерцедес-Бенц W25 ја следеше класичната автомобилска архитектура, возилото беше со погон на задните тркала беше придвижувано од 3,4 литарски, 8-цилиндричен мотор мотор, кој беше монтиран напред и произведуваше 354КС (260kW).
Тоа беше моќен тркачки автомобил, но според легендата за "Сребрените стрели" имаше една мала грешка, Кога W25 беше измерен еден ден пред својата прва трка, тежината малку ја надминуваше границата од 750 килограми. Наводно, тимот бил во можност да ја намали тежината во рамките на регулаторните граници со отстранување на својата бела боја.
Без белата боја, металната каросерија на автомобилот била откриена, давајќи му посебен сребрен изглед. Така се родила првата сребрена стрела. Сепак, W25 не само што ќе стане познат по својата светликава каросерија, туку и по неговите импресивни перформанси на патеката.
Следниот ден, Манфред фон Браучич со W25 победи на Ајфелренен, соборувајќи го рекордот на патеката со просечна брзина од 122.5 км/ч. Тоа беше прва од многуте победи за Сребрените стрели. W25 ќе се натпреварува до 1937 година, последната година за автомобилите до 750 килограми.
Од 1934 до 1937 година, дизајнот на возилото постојано се менуваше во потрагата за повеќе перформанси. Во рок од три години, кубикажата на моторот се зголеми на максималните 4,7 литри, зголемувајќи ја неговата моќност до 646КС (475kW). Многу познати тркачи се натпреваруваа во W25, меѓу кои и Рудолф Карачиола и Луиџи Фаџиоли.
1934 Француското ГП - Рудолф Карачиола зад воланот на Мерцедес-Бенц W25 |