Гарсија, кој е најмладата натпреварувачка на гридот, го забележа најбрзото време од 50.712 секунди и беше првиот возач кој постави време во рамките на 50 секунди. Џејми Чадвик помина голем дел од сесијата во долниот дел од топ 10 и беше во серија на брзи круга во последните минути на квалификациите.
Првиот нејзин обид беше доволен за второто место, но потоа нејзините надежи за првото место беа завршени со излетуањето на Шеј Холбрук. Британката е лидерка во Шампионатот со 13 поени предност во однос на Бајтске Висер.
Фабиен Волвенд ќе ја започне трката од третата позиција, пред најбрзата од петочните тренинг сесии, Полјакината Гоша Рдест, коа пак имаше слично време и за малку се пласираше пред Бајтске Висер за старт од четвртата и петтата позиција, соодветно.
Џесика Хокинс се квалификуваше шеста, но беше на провизорната Пол позиција пред краткиот период на црвено знаме, кое беше предизвикано од поранешниот ГП3 возач, Алис Пауел, која досега има мизерен викенд, кога го повреди нејзиниот зглоб на раката, во вчерашниот судир со Есми Хоки, а денес, квалификациите ги заврши пред време со очигледен технички проблем.
Вики Пириа забележа време доволно за седмата позиција, веднаш пред Ема Кимиланен кој се враќа на гридот, по пропуштени две трки поради повреда.
Мики Којама никако да има добар настап на квалификациите, го забележа 9-тот најбрзо време, пред Сејбр Кук која го заокружи Топ 10 пласманот.
Трката која е закажана за 16:10 часот ќе биде директно пренесувана на официјалниот ФБ профил на Шампионатот.
НОРИСРИНГ - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ДРЖАВА | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Марта Гарсија | Шпанија | 50.712 | |
2 | Џејми Чадвик | В.Британија | 50.793 | + 0.081 |
3 | Фабиен Волвенд | Лихтенштајн | 50.921 | + 0.209 |
4 | Гоша Рдест | Полска | 50.924 | + 0.212 |
5 | Бајтске Висер | Холандија | 50.935 | + 0.223 |
6 | Џесика Хокинс | В.Британија | 50.945 | + 0.233 |
7 | Вики Пириа | Италија | 51.024 | + 0.312 |
8 | Ема Кимилаинен | Финска | 51.144 | + 0.432 |
9 | Мики Којама | Јапонија | 51.162 | + 0.450 |
10 | Сејбр Кук | Америка | 51.203 | + 0.491 |
11 | Тасмин Пепер | ЈАР | 51.449 | + 0.737 |
12 | Сара Мур | В.Британија | 51.489 | + 0.777 |
13 | Кејтлин Вуд | Австралија | 51.500 | + 0.788 |
14 | Шеј Холбрук | Америка | 51.516 | + 0.804 |
15 | Есми Хоки | В.Британија | 51.538 | + 0.826 |
16 | Наоми Шиф | Германија | 51.590 | + 0.878 |
17 | Вивиен Кеслеј | Унгарија | 51.654 | + 0.942 |
18 | Алис Пауел | В.Британија | 55.067 | + 4.355 |
110% време: 55.783
|
||||
ИСТОРИЈА - #WRace4 - Норисринг
2019 Марта Гарсија - 50.712
|
||||
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
Regards for all your efforts that you have put
ReplyDeletein this. Very interesting info.