Минатата недела нашето внимание беше насочено кон презентациите на 2020 болидите. Повеќе инфо за секој тим на линковите во табелата.
ПРЕЗЕНТАЦИИ НА БОЛИДИ | ||
П. | ТИМ/ПЕ | ДАТА |
1. | ФЕРАРИ SF1000 |
ЛИНК ЗА ФОТОГРАФИИ, ИЗВЕШТАЈ |
2. | РЕНО R.S.20 |
ЛИНК ЗА ФОТОГРАФИИ, ИЗВЕШТАЈ |
3. | РЕД БУЛ RB16 |
ЛИНК ЗА ФОТОГРАФИИ, ИЗВЕШТАЈ |
4. | МЕКЛАРЕН MCL35 |
ЛИНК ЗА ФОТОГРАФИИ, ИЗВЕШТАЈ |
5. | АЛФА ТАУРИ AT01 |
ЛИНК ЗА ФОТОГРАФИИ, ИЗВЕШТАЈ |
6. | МЕРЦЕДЕС АМГ W11 EQ Power+ |
ЛИНК ЗА ФОТОГРАФИИ, ИЗВЕШТАЈ |
7. | РЕЈСИНГ ПОИНТ RP20 |
ЛИНК ЗА ФОТОГРАФИИ, ИЗВЕШТАЈ |
8. | ХАС VF-20 |
ЛИНК ЗА ФОТОГРАФИИ, ИЗВЕШТАЈ |
9. | АЛФА РОМЕО C39 |
ЛИНК ЗА ФОТОГРАФИИ, ИЗВЕШТАЈ |
10. | ВИЛИЈАМС FW43 |
ЛИНК ЗА ФОТОГРАФИИ, ИЗВЕШТАЈ |
@МкФормула1 - Република Македонија |
МЕРЦЕДЕС АМГ
Договорот на Луис Хамилтон завршува на крајот од 2020 година. Непосредно пред Белгиското Гран При од тимот на Мерцедес АМГ и официјално потврдија дека Валтери Ботас останув во овој тим, а на Естебан Окон му беше дозволено да замине во тимот на Рено.
ФЕРАРИ
Договорот на Себастијан Ветел истекува на крајот на 2020 година. Имаше шпекулации дека Германецот, разочаран од резултатите, размислува за пензија, но тие беа категорично демантирани од негова страна, барем за 2020 сезоната. Чарлс Леклерк непосредно пред почетокот на новата сезона го продолжи договорот со Ферари до 2024 година.
РЕД БУЛ
Макс Верстапен, исто така, го продолжи неговиот договор со тимот на Ред бул до крајот на 2023 година. Старата клаузула за предвремено раскинување, постои, но сега не зависи од перформансите на Ред Бул, туку од останувањето на Хонда во Ф1 Шампионатот.
Алекс Албон да го замени Пјер Гасли од 2019 Белгиското Гран При. Непосредно пред Бразилското ГП, Хелмут Марко реши дека тој ја заслужи дадената шанса и го продолжи неговиот договор и за 2020 сезоната.
МЕКЛАРЕН
Тимот на Мекларен е најмирен кога е во прашање возачката постава, имаат стабилни договори со Карлос Саинц Јр. и Ландо Норис.
РЕНО
Договорот на Даниел Рикиардо е валиден до крајот на 2020 година. Скапиот договор на Австралијанецот не дозволи продолжување на договорот со Нико Хулкенберг, кој заврши на крајот од минатата година. Неговото место во тимот го доби Естебан Окон, финансиски далеку поефтина солуција, но возач со пристојни перформанси.
АЛФА РОМЕО
Кими Раиконен има договор до крајот на 2020 година. Менаџментот на тимот после трката во Остин, Тексас, објави дека Антонио Џовинаци продолжува да вози за нив и во 2020 година.
РЕЈСИНГ ПОИНТ
Ленс Строл има повеќегодишен договор со тимот во сопственост на неговиот татко. Серџо Перез, потпиша нов три годишен договор, кој е со важност до 2022 година. Мексиканецот заедно со Ленс Строл носи конзистентност со спој на младост и искуство.
ТОРО РОСО
Данил Квјат и Пјер Гасли имаат договори до крајот на 2020 година, но, како што видовме претходните години, одлуките на Хелмут Марко кога е во прашање овој тим се често непредвидливи.
ХАС
По долго размислување од страна на тимскиот шеф, Гинтер Штајнер, договорите на Кевин Магнусен и Роман Грожан беа продолжени за оваа сезона, но Французинот го користи последниот џокер пред своите претпоставени.
ВИЛИЈАМС
Џорџ Расел има повеќегодишен договор со Вилијамс. Роберт Кубица, непосредно пред почетокот на тркачкиот викенд во Сингапур, соопшти дека го напушта тимот на Вилијамс. Пред почетокот на последната трка од 2019 сезоната, тимот официјално објави дека Николас Латифи ќе биде замената за Полјакот.
ТИМСКИ ПОСТАВИ ЗА 2020 ГОДИНА | ||
ТИМ | ВОЗАЧИ | БРОЈ |
Мерцедес АМГ | Луис Хамилтон Валтери Ботас |
44 77 |
Ферари | Себастијан Ветел Чарлс Леклерк |
5 16 |
Ред Бул | Макс Верстапен Алекс Албон |
33 23 |
Рено | Естебан Окон Даниел Рикиардо |
31 3 |
Хас | Роман Грожан Кевин Магнусен |
8 20 |
Рејсинг Поинт | Серџо Перез Ленс Строл |
11 18 |
Мекларен | Карлос Саинц Јр. Ландо Норис |
55 4 |
Торо Росо | Даниел Квјат Пјер Гасли |
26 10 |
Алфа Ромео | Антонио Џовинаци Кими Раиконен |
99 7 |
Вилијамс | Џорџ Расел Николас Латифи |
63 6 |
ЛИНК - Инфо за 2018 возачите - ЛИНК |
Покрај новите деби трки во календарот, немаше место за Германското Гран При.
Големата Награда на Виетнам беше објавена како прва нова трка под раководство на Либерти Медиа. Трката доби термин во месец Април и ќе се одржи на градската патека во главниот град на Виетнам, Ханој. Во календарот се враќа и Големата Награда на Холандија, со трка кој што ќе се одвива на патеката Зандворт.
ОФИЦИЈАЛЕН КАЛЕНДАР ЗА 2020 ГОДИНА | ||
П. | TРКА | ПАТЕКА |
1. | Австралија | Алберт Парк, 15 Март |
2. | Бахреин | Бахреин, 22 Март |
3. | Виетнам | *Ханој, 5 Април |
4. | Кина | Шангај, 19 Април(Одложена) |
5. | Холандија | *Зандворт, 3 Мај |
6. | Шпанија | Каталуња, 10 Мај |
7. | Монако | М.Карло, 24 Мај |
8. | Азербејџан | Баку, 7 Јуни |
9. | Канада | Жил Вилнев, 14 Јуни |
10. | Франција | Пол Рикард, 28 Јуни |
11. | Австрија | Ред Бул Ринг, 5 Јули |
12. | Британија | Силверстоун, 19 Јули |
13. | Унгарија | Хунгароринг, 2 Август |
14. | Белгија | СПА-Франкоршамп, 30 Август |
15. | Италија** | Монца, 6 Септември |
16. | Сингапур | Сингапур, 20 Септември |
17. | Русија | Сочи, 27 Септември |
18. | Јапонија | Сузука, 11 Октомври |
19. | Америка | Остин, 25 Октомври |
20. | Мексико Сити | Браќа Родригез, 1 Ноември |
21. | Бразил | Хозе Карлос Пејс, 15 Ноември |
22. | Абу Даби | Јас Марина, 29 Ноември |
* Хомологација од ФИА и ССМС
** Потребно е продолжување на договорот
@МкФормула1 - Република Македонија |
Двете дводневни сезонски тест сесии се избришани. Во календарот останува пост-сезонската тест сесија за пневматиците на Пирели во Абу Даби, кога тимовите ќе ги тестираат новите 18" гуми за 2021 сезоната. Два од трите тест денови ќе бидат резервирани за млади возачи.
КАЛЕНДАР НА ПРЕД-СЕЗОНСКИ ТЕСТ СЕСИИ (официјален) |
||
П. | МЕСТО | ДАТА |
1. | Барселона | 19-21 Февруари |
2. | Барселона | 26-28 Февруари |
ПОСТ СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА (неофицијален) |
||
П. | МЕСТО | ДАТА |
1. | Абу Даби | 30 Ноември - 2 Декември (три дневен тест на 18" гуми на Пирели) |