Ниту еден Формула 1 тим досега не забележал 1-2 Победа во историјата на Сингапурското Гран При, покажувајќи ја предизвикувачката природа на патеката. Еволуцијата на патеката е неверојатно висока во Сингапур, бидејќи станува збор за градска патека. Таа изнесува до три секунди помеѓу првиот тренинг во петок и квалификациите во саботата навечер. На сите единаесет претходни Ф1 трки во Сингапур, безбедносното возило излегувало барем еднаш на патеката.
Челичните греди што го потпираат бетонот на мостот Еспланад се магнетизираат, при што нивните магнетни полиња се доволно силни за да влијаат во работата на одредени сензори на болидите. Затоа, тимовите ги заменуваат со специјални сензори кои се помалку подложни на магнетни дејства. За да се спречи влијанието на магнетното поле врз хидрауличните вентили во менувачот, тие се заштитени со она што се нарекува „му метал“ - специјална легура на никел која е ефикасна при насочување на магнетни полиња. Заштита која се монтира само во Сингапур.
Ноќната трка е овозможена од 1.600 рефлектори, кои ги осветлуваат улиците на Марина Беј. Возачите можат да изгубат околу 3 килограми тежина преку потење во текот на трката, поради неверојатно високите температури и влажноста. Загубата на течностите е исто така фактор за членовите на тимот, така што водата е клучна состојка за добар викенд. Препорачаната количина на внес на течности во врел ден се движи од три до пет литри.
Возачите имаат чисти визири на кацигите со цел да ја подобрат видливоста под рефлекторите. Марина Беј патеката има 23 свиоци, најмногу од која било патека во Ф1, поделени на 14 леви и 9 десни. Градската патека има само неколку тешки зони на сопирање, но недостатокот на правци и зачестеноста на свиоците значи дека сопирачките имаат многу работа. Затоа, Сингапур е место каде тие се најоптоварени и тимовите мора да внимаваат на нивното ладење.
Возачите менуваат брзини околу 62 пати во текот на еден круг, втор најголем број во календарот. Бидејќи Формула 1 карванот работи по Европско време во Сингапур, распоредот е многу невообичаен. Тимовите обично имаат појадок во попладневните часови, а ручекот се служи околу 18 часот. Времето за вечера се разликува во зависност од денот и обемот на работа, но обично се служи од 1 часот по полноќ па натаму.
Тимовите бараат местата каде што се сместени да вклучува ролетни или темни завеси, како би се навикнале подобро на специфично време за појадок. Тие, исто така, ги блокираат спратовите, за да се избегнат нарушувања, а чистењето на собите се одложува за попладне.
Минатогодишната тркат беше најдолга во сезоната, траеше 1 час, 51 минута и 11 секунди. Трката честопати трае близу до двочасовниот лимит.
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА СИНГАПУРСКОТО ГРАН ПРИ
9/17/2019 04:31:00 PM
Share to other apps