Тимот на Алфа Ромео денес излезе со соопштение дека Полскиот нафтен гигант, ПКН ОРЛЕН, ќе му се приклучи на тимот како официјален ко-спонзор почнувајќи од 2020 сезоната.
Повеќегодишниот договор предвидува Полјаците да преземат дел од спонзорските права на тимот, кој сега ќе се натпреварува како Алфа Ромео Рејсинг ОРЛЕН.
Логоата на ПКН ОРЛЕН ќе ги има на новиот 2020 болид, со ознака C39, како и на сите пропратни елементи на тимот. Двете страни особено ја истакнаа најавената возбудлива програма за фановите, како клучен елемент на ова партнерство.
Најважно од се, ова партнерството ќе го остави Роберт Кубица во Ф1 Шампионатот, како резервен возач на тимот кој му го овозможи дебито во Формула 1 и неговата прва Победа.
Со континуираната поддршка на Алфа Ромео, која од 2018 година е основа за растот на тимот, и новото партнерство со ПКН ОРЛЕН од тимот се надеваат дека ќе го направат следниот клучен чекор кон напред во поредокот за новата 2020 сезона и понатаму.
Фредерик Васер, Тимски Шеф: "Новото партнерство со ПКН ОРЛЕН е изјава за намери за обете страни. Тоа е доказ за амбицијата на нашиот заеднички проект и на нашата желба да се натпреваруваме во самиот врв на Формула 1. Ние со задоволство ќе го пречекаме Роберт дома и нестрпливо ја очекуваме соработката со него. Неговите повратни информации ќе бидат од непроценливо значење бидејќи ние продолжуваме да го форсираме нашиот тим кон предниот дел од гридот."
Даниел Обајтек, извршен директор и претседател на Управниот одбор на PKN ORLEN: "Во спортот, како и во бизнисот, конзистентноста е клучна. Кога минатата година го поддржавме враќањето на Роберт Кубица во Формула 1, знаевме дека создаваме историја на спортот, но исто така отворивме ново поглавје во историјата на брендот ОРЛЕН. Роберт Кубица, еден од најбрзите возачи во светот, останува наш амбасадор."
Роберт Кубица: "Навистина сум среќен што го започнав ова ново поглавје во мојата кариера со Алфа Ромео. Овој тим има посебно место во моето срце и задоволен сум што гледам дека некои лица од моите години во Хинвил се сеуште тука. Времето и околностите се очигледно поразлични, но убеден сум дека ќе ја најдам истата решителност за да успеам. Со нетрпение очекувам да и помогнам на Алфа Ромео да го направи следниот чекор напред."
ОФИЦИЈАЛНО: PKN ORLEN КО-СПОНЗОР НА АЛФА РОМЕО
1/01/2020 02:48:00 PM
0
Share to other apps