Кетрин Бонд Муир, главен извршен директор на Формула Ж Шампионатот: "Ние сме апсолутно воодушевени што, само во нашата втора сезона, нашиот шампионат е подржан од Формула 1, и ние сме крајно воодушевени што последните две трки од 2020 сезоната на овој шампионат ќе се одржат како дел од платформата на Формула 1."
Дејвид Култхард, Претседател на Советодавниот одбор, изјави: "И покрај тоа што возев на 246 Ф1 трки, помеѓу 1994 и 2008 година, јас никогаш не сум возел на патеката на Америките, ниту на патеката Браќа Родригез, затоа што тие не беа во календарот на Формула 1."
"Но, имам коментирано голем број на фантастични трки на двете патеки, и можам да кажам дека тоа се одлични тркачки патеки."
"За Формула Ж Шампионатот, најавата за две нови трки, кои се дел од Формула 1 викендот, е навистина импресивен развој и многу јасно демонстрира во колкава мерка овој шампионат е широко прифатен како дел од меѓународниот календар за мотоспортот."
Рос Браун, извршен директор на Формула 1: "Задоволни сме што ќе бидеме поддршка на две трки од Формула Ж Шампионатот, на места како што се Остин и Мексико Сити. Убедени сме дека нашиот спорт мора да понуди еднакви можности на мажите и жените да се натпреваруваат заедно."
"Не е случајно што подобрувањето на различностите на Ф1 гридот преку поддршка и промовирање на талентот на возачите од недоволно застапените средини е една од нашите стратешки цели."
2020 ФОРМУЛА Ж КАЛЕНДАР | |||
ТРКА 1 | Санкт Петербург | Русија | 30 Мај |
ТРКА 2 | Андерсторп | Сведска | 13 Јуни |
ТРКА 3 | Монца | Италија | 27 Јуни |
ТРКА 4 | Норисринг | Германија | 11Јули |
ТРКА 5 | Брендс Хеч | В.Британија | 23 Август |
ТРКА 6 | Асен | Холандија | 5 Септември |
ТРКА 7 | Остин | САД | 24 Октомври |
ТРКА 8 | Мексико Сити | Мексико | 31 Октомври |
@MakFormula1 - Republic of Macedonia |