Прес службата на Рено, денес излезе со соопштение за старт на соработката со Пет Фрај, познатиот Ф1 инженер, кој својата слава ја стекна пред се во тимот на Мекларен.
Британецот, во тимот од Енстон, ќе започне со работа во среда на 5 Февруари и ќе ја добие функцијата технички директор, на која претходно беше Ник Честер, кој го најави своето излегување од тимот по 19 години поминати во него.
Кариерата на Фрај во Формула 1 започна во 1987 година во Бенетон, каде се стекна со искуство во работење со толку добро познати специјалисти како Пат Сајмондс и Џон Бернард, за потоа да стане тркачки инженер на Мартин Брандл.
Во 1993 година Џорџо Асканели, го убедува да се пресели во тимот на Мекларен, каде првично требаше да работи на развивање на активната амортизација, но таа беше забранета до почетокот на 1994 година.
Ја добива функцијата на тркачки инженер на Мика Хакинен и Дејвид Култхард. Потоа беше одговорен за развивање на шасијата за Мекларен болидите MP4-20, MP4-22 и MP4-24.
Во 2010 година решава да се префли во Ферари, Манор и повторно Мекларен без некои позабележителни резултати.
Современиот тим на Рено е директен наследник на истиот тим на Бенетон во кој Фрај го започна своето патување во Формула 1. Оваа кадровска одлука на раководството на Рено е само дел од програмата за реструктуирање на техничкиот оддел на тимот од Енстон.
Како дел од истата програма, на функцијата шеф на одделот за аеродинамика беше поставен Дирк де Бир, кој се пресели од Вилијамс. Сите овие мерки се насочени кон обезбедување подобри резултати и пласман во Ф1 Шампионатот, каде минатата сезона го зазедоа петтото место кај конструкторите.
ПЕТ ФРАЈ - НАДЕЖ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА ЗА РЕНО Ф1 ТИМОТ
1/27/2020 08:45:00 PM
0
Share to other apps