По многу години во Јужна Америка, Дакар релито за прв пат ќе го посети Арапскиот Полуостров, од 5 до 17 јануари 2020 година.
Годинава не само што ќе се одвива во целосно нов регион, туку ќе се врати на своите корени. Долги специјални етапи, многу километри и многу нови искуства нè очекуваат во Саудиска Арабија.
Ова ќе биде еден од потешките рели Дакар, на кој моторциклите, автомобилите, камионите, квадовите ќе треба да ја покажат својата изджливост, но и завидни перформанси.
Целта на сите ќе биде да стигнат до самиот крај. За да се постигне тоа, секогаш ви треба среќа на ваша страна и, се разбира, чисто и брзо возење.
Очекуваме возбудлива трка, во која не ќе го знаеме победникот до самиот крај, бидејќи дури и последната етапа е вистински предизвик.
Релито Дакар 2020 се состои од дванаесет етапи, при што трасата е со вкупна должина од приближно 7.500 километри.
Стартот е во Џеда, финишот во Кидијa, со попатна етапа низ Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, каде натпреварувачите ќе имаат ден за одмор.
Околу 5.000 километри од трасата ќе биде низ пустините на Саудиска Арабија.
Засега освен EUROSPORT, нити една Македонска ТВ куќа ги нема откупено правата за емитување на ова рели.
РЕЛИ ДАКАР 2020 - ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ
1/02/2020 06:19:00 PM
0
Share to other apps