Тимот на Ред Бул денес официјaлно објави дека го продолжиле договорот со Макс Верстапен до крајот на 2023 сезоната. Холанѓанецот стана најмладиот Победник во Ф1 Шампионатот во неговата инаугуративна сезона со Ред Бул во 2016 година. Осумкратниот Победник оттогаш стана интегрален член на овој тимот и возач чија решеност да победи го отелотворува етосот на Ред Бул.
Макс Верстапен: "Јас сум навистина среќен што го продолжив моето партнерство со тимот. Ред Бул веруваше во мене и ми даде можност да дебитирам во Формула 1 за што отсекогаш сум бил благодарен. Со текот на годините се повеќе се зближував со целокупниот тим, навистина е пријатно да се работи со толку голема група на луѓе."
"Со доаѓањето на Хонда и напредокот што го постигнавме во последните 12 месеци ми дава уште поголема мотивација и верба дека можеме да победуваме заедно. Јас го почитувам начинот на кој заедно работат Ред Бул и Хонда и напорите што се прават за да успееме. Сакам да Победувам со Ред Бул и нашата цел се Шампионските Титули."
Кристијан Хорнер: "Фантастична вест е што го продолживме договорот со Макс, вклучително и 2023 сезоната. Со предизвикот за 2021 година, клучни се промените кои ќе ги направиме во што е можно повеќе области. Макс докажа од каква корист е за овој тим, тој навистина верува во партнерството со нашиот снабдувач на ПЕ, Хонда, и ние сме задоволни што ја продолжуваме соработката со него."
ОФИЦИЈАЛНО: МАКС ВЕРСТАПЕН ОСТАНУВА ВО РЕД БУЛ ДО 2023 ГОДИНА
1/07/2020 02:06:00 PM
0
Share to other apps