Ред Бул Ф1 тимот, по објавата на Астон Мартин, потврди дека автомобилскиот производител ќе остане главен партнер на тимот до крајот на 2020 сезоната, со тоа давајќи до знаење дека тековниот нивни договор нема да биде испочитуван до самиот негов крај.
Од Ред Бул Рејсинг се согласиле да го ослободат Астон Мартин од нивните договорни обврски во Формула 1, што би им овозможиле регрупирање и собирање на потребните финансиски средства за изнаоѓање алтернативни можности во рамките на истиот спорт т.е. од 2021 година најверојатно ќе се приклучат на тимот на Рејсинг Поинт.
Ова партнерството се одвиваше во последните четири години, кога беа забележани 12 Победи, 50 Подиуми и 6 Пол позиции.
Одделот на Ред Бул за напредни технологии ќе остане во иновативно партнерство со Астон Мартин за довршување на Астон Мартин Валкири спортскиот автомобил, при што првата серија од 150 автомобили треба да биде доставена до клиентите до крајот на годината.
АСТОН МАРТИН МУ РАСКИНУВА НА РЕД БУЛ РЕЈСИНГ НА КРАЈОТ ОД ОВАА СЕЗОНА
1/31/2020 11:04:00 AM
0
Share to other apps