Вилијамс Расинг соопшти дека Џек Ајткен ќе им се придружи во тимот како резервен возач за 2020 сезоната. Британецот, 24, се придружува на Вилијамс по неговата импресивна сезона во Формула 2, каде победи на три трки за тимот на Кампос Рејсинг (неговите први победи во шампионатот) и заврши на петтото место во генералниот пласман на возачи.
Покрај неговиот ангажман во Формула 2, Ајткен минатите две сезони беше резервен и тест возач за тимот на Рено Ф, каде стекнуваше основно и вредно искуство на Ф1 патеките и надвор од нив.
Во својата нова улога како резервен возач на Вилијамс, тој ќе присуствува на сите Ф1 Гранд При викенди во текот на годината, интегрирајќи се во тимот на патеката и ќе биде при рака доколку се појави потреба да се замени еден од главните возачи. Во меѓувреме ќе има напорна работа зад воланот на симулаторот на тимот. За време на неговиот претстој во тимот ќе добие шнса за настап на еден од предпладневните тренинзи.
Џек Ајткен коментираше: "Голема чест е да се приклучам на Вилијамс Рејсинг како нивен резервен возач за сезоната 2020. Вилијамс е тим со голема историја, и јас со нетрпение очекувам директно да придонесувам за нивниот развој преку мојата работа на симулатор и тестирање."
Клер Вилијамс, заменик тимски шеф: "Очигледно е дека од она што досега го постигнал, Џек, претставува млад возач со одлична кариера пред него и веруваме дека тој ги има вистинските ингеренциите да го достигне врвот во спортот. Џек ја докажа својот способност во Формула 2 и ГП3 шампионатите и со нетрпение очекуваме да видиме што може да постигне како резервен возач на тимот."
ЏЕК АЈТКЕН СЕ ПРИКЛУЧИ НА ВИЛИЈАМС КАКО ТЕСТ ВОЗАЧ
2/04/2020 07:08:00 PM
0
Share to other apps