Секако дека не е бесмислено да се анализаат времињата за време на тест сесиите. Во секој тимски центар се слеваат многу податоци, кои имаат за цел да се згради слика за поредокот на болидите. Користејќи техники кои се изградени во текот на голем број сезони, можно е да се дознае, со изненадувачка точност, она што се крие зад поставените времиња за време на зимското тестирање.
Исто така, вистина е, дека аналитичарите се соочуваат со значителна низа на непознати. Количеството на гориво во болидот, режимот на моторот, перформансите на гумите и нивото на форсирање на возачот играат значајна улога во забележаните времиња по круг. Сепак, тие се далеку од безначајни. Ако ги анализирате доволно долго, тие постепено ги откриваат своите тајни.
Почнуваме од работите што ги знаеме. Го знаеме забележаното време. Го знаеме бројот на кругови. Го знаеме, и тоа со одлична точност, количеството на гориво што се троши за време на еден круг. Знаеме, колку побрзо ќе вози болидот со секоја капка потрошено гориво.
Исто така, знаеме, со соодветна точност, колку побавни ќе бидат пневматиците на Пирели со секој изминат круг. Имаме проценки за разликата во перформанси помеѓу сите смеши, проценки кои стануваат се поточни како што се одвива сесијата. Со сите овие податоци, можеме да го калкулираме поредокот.
Иако можеби изгледа чудно, навиките на тимовите се прилично познат факт во падокот. Тимовите имаат тенденција да прават слични работи секоја година. Повеќето тимови работат со три нивоа на гориво: мало количество на гориво за време на квалификациските кругови, средно количество на горивото за најголемиот дел од нивната работа и полни резервоари при нивните симулации на трка.
За секој тим, овие три нивоа се различни, но, чудно, тие не се разликуваат премногу од година во година. Нашите претпоставки се засноваат дека секој тим ќе има слични тест програми како и во претходната година.
Првично на една страна имате одреден број за забележани времиња и проценки со кое количество, од претходно споменатите три нивоа на гориво, е наполнет секој од болидите. Тогаш, нерелевантните времиња, можете да ги претвори во табела со распоред на силите. Се разбира, оваа прва проценка е многу неточна.
Добиениот поредок во голема мерка е одраз на квалитетот на процените за количината на гориво. Ако претпоставите дека, да речеме, еден тим настапил со 50 килограми гориво, а во реалноста тој имал 100 килограми, тогаш сериозно ќе го потцените нивното темпо.
Како и да е, како што одминува времето и болидите комплетираат се поголем број на кругови, проценката постепено се подобрува со помош на едноставен метод на прилагодување на долната граница на гориво што мора да биде во болидот.
Тоа се прави според комплетираните круга. Ако болидот комплетирал 10 круга, а знаеме дека потрошувачката на гориво по круг е 1.7 килограми, тогаш во болидот мора да има најмалку 17 килограми на гориво. Во реалноста, тимовите не сакаат да возат на резерва при нормалното тестирање, па затоа е поверојатно дека во болидот има најмалку 27 килограми гориво.
Ако нашата претходна претпоставка беше дека тимот вообичаено работи со 50кг, тогаш ќе ја прилагодиме првичната проценка и ќе кажеме дека болидот најверојатно има некаде помеѓу 27 и 50 килограми гориво во него. Кога еден тим ќе комплетира голем број на круга, оваа проценка станува изненадувачки точна.
Ако видиме дека болидот драстично отскокнува од просечните времиња, т.е. е многу побрз или значајно побавен, тогаш привремено ќе заклучиме дека во употреба се останатите две количества на гориво. На пример, ако станува збор за побрзо време, можеме да претпоставиме дека тимот врши симулација на квалификациски круга.
Вистинскиот увид доаѓа кога еден тим се обидува да симулира една цела трка. Да се извози километража на една трка со промени на гумите во стилот на пит-стоп застанување, значи дека тимот мора да го има целосно наполнето резервоарот на болидот. Ова драматично ја стеснува грешката во проценките, дозволувајќи споредба на времињата без речиси никакви непознати.
Некој би рекол, но како го знаете нивото на моќност на ПЕ. Тука во игра влегуваат податоците од ГПС-системот за следење на трагите за брзина и забрзување на болидите за да се забележат промени во моќноста на погонските единици.
Како што тимовите ги пробуваат сите модови на ПЕ, се добиваат проценки за тоа кои нивоа на моќност се достапни и кога се употребени. Тоа овозможува да се подобрат проценките за темпото на секој тим, корегирајќи ги времињата со режимот во кој работела ПЕ во тој момент.
На крајот на првиот тест ден, распоредот на тимовте е непрецизен, додека до крајот на тест сесиите ќе биде многу порелевантен.
Тогаш, што можеме да кажеме за поредокот на тимовите по комплетирани три тест дена?
Тука работите стануваат незгодни, затоа што сепак работите со најниски можни проценки на вредностите на еден тим. Можете да кажете со одредена самодоверба дека вашите конкуренти се барем брзи за 1.ХХ.ХХХ, но не знаете со сигурност колку побрзо би можеле да возат.
На пример, ако Ред Бул донесе значителен пакет на надградби за вториот тест, сегашните проценки повеќе нема да важат? Не се знае причината зошто Ферари го помина овој тест возејќи констатно на пониски модови на моќност на нивната ПЕ во споредба со тимовите кои ги користат нивните ПЕ?
Аналитичарите на Мерцедес АМГ спроред досегашните забележани времиња предвидуваат дека борбата во Мелбурн помеѓу првите три тима ќе биде блиска. Ајде да им поверуваме, но од друга страна нивната претпазливост им носи желба за понатамошен напредок и нема место за опуштање, па затоа се подобри и подобри!!!
Исто така, можеме да видиме дека средниот ред се приближи кон врвот и дека има значителни промени во нивниот поредок во однос на минатата година. Тест времињата не се бесмислени, тие се златен рудник, ако сте подготвени внимателно и претпазливо да ги анализирате сè додека не почне да се издвојува јасна слика на поредокот.
2020 БАРСЕЛОНА I ТЕСТ СЕСИЈА - ЗБИРНИ ВРЕМИЊА | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | СМЕША |
1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:15.732 | C5 | |
2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:16.516 | + 0.784 | C5 |
3 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:17.091 | + 1.359 | C5 |
4 | Естебан Окон | Рено | 1:17.102 | + 1.370 | C4 |
5 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:17.338 | + 1.606 | C4 |
6 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:17.347 | + 1.615 | C3 |
7 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:17.427 | + 1.695 | C4 |
8 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:17.469 | + 1.737 | C5 |
9 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:17.516 | + 1.784 | C3 |
10 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:17.574 | + 1.842 | C4 |
11 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:17.783 | + 2.051 | C4 |
12 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:17.842 | + 2.110 | C3 |
13 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:17.912 | + 2.180 | C2 |
14 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:18.154 | + 2.422 | C4 |
15 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:18.168 | + 2.436 | C3 |
16 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:18.289 | + 2.557 | C3 |
17 | Роман Грожан | Хас | 1:18.380 | + 2.648 | C3 |
18 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:18.382 | + 2.650 | C3 |
19 | Роберт Кубица | Алфа Ромео | 1:18.396 | + 2.654 | C3 |
20 | Ландо Норис | Мекларен | 1:18.454 | + 2.722 | C3 |
21 | Кевин Магнусен | Хас | 1:18.467 | + 2.734 | C3 |
@МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
SOUND ON!!! Сите 10 Болиди во Акција
2020 БАРСЕЛОНА I ТЕСТ СЕСИЈА - КОРЕГИРАНИ ВРЕМИЊА | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | СМЕША |
1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:15.076 | C5 | |
2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:15.732 | + 0.656 | C5 |
3 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:15.736 | + 1.660 | C5 |
4 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:15.798 | + 0.722 | C5 |
5 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:15.942 | + 0.867 | C5 |
6 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:15.973 | + 0.897 | C5 |
7 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:16.012 | + 0.936 | C5 |
8 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:16.147 | + 1.071 | C5 |
9 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:16.221 | + 1.145 | C5 |
10 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:16.382 | + 1.306 | C5 |
11 | Естебан Окон | Рено | 1:16.502 | + 1.426 | C5 |
12 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:16.968 | + 1.892 | C5 |
13 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:17.089 | + 2.015 | C5 |
14 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:17.091 | + 2.015 | C5 |
15 | Роман Грожан | Хас | 1:17.180 | + 2.104 | C5 |
16 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:17.184 | + 2.108 | C5 |
17 | Роберт Кубица | Алфа Ромео | 1:17.186 | + 2.110 | C5 |
18 | Ландо Норис | Мекларен | 1:17.254 | + 2.178 | C5 |
19 | Кевин Магнусен | Хас | 1:17.267 | + 2.190 | C5 |
20 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:17.469 | + 2.393 | C5 |
21 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:17.782 | + 2.706 | C5 |
C5/C4/0.6 C5/C3/1.2 C5/C2/1.9 секунди @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
2020 БАРСЕЛОНА I ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 3 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:15.732 | (C5)65 | |
2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:16.516 | + 0.784 | (C5)73 |
3 | Естебан Окон | Рено | 1:17.102 | + 1.370 | (C4)76 |
4 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:17.338 | + 1.606 | (C4)116 |
5 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:17.427 | + 1.695 | (C4)62 |
6 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:17.469 | + 1.737 | (C5)152 |
7 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:17.574 | + 1.842 | (C4)93 |
8 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:17.636 | + 1.904 | (C2)86 |
9 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:17.783 | + 2.051 | (C4)59 |
10 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:18.154 | + 2.422 | (C2)83 |
11 | Карлос Саинц Јр. | Мекларен | 1:18.274 | + 2.542 | (C2)76 |
12 | Роман Грожан | Хас | 1:18.380 | + 2.648 | (C3)48 |
13 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:18.384 | + 2.652 | (C3)100 |
14 | Ландо Норис | Мекларен | 1:18.454 | + 2.722 | (C3)49 |
15 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:19.004 | + 3.272 | (C3)72 |
16 | Кевин Магнусен | Хас | 1:19.709 | + 3.977 | (C2)4 |
ВИДЕО РЕЗИМЕ ТРЕТ ДЕН @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
2020 БАРСЕЛОНА I ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 2 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:17.091 | (C5)134 | |
2 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:17.347 | + 0.256 | (C3)145 |
3 | Дание Рикиардо | Рено | 1:17.749 | + 0.658 | (C3)41 |
4 | Алекс Албон | Ред Бул | 1:17.912 | + 0.821 | (C2)134 |
5 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:18.121 | + 1.030 | (C2)147 |
6 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:18.154 | + 1.063 | (C4)73 |
7 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:18.267 | + 1.175 | (C3)116 |
8 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:18.335 | + 1.244 | (C3)49 |
9 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:18.387 | + 1.296 | (C1)106 |
10 | Ландо Норис | Мекларен | 1:18.474 | + 1.383 | (C3)137 |
11 | Роман Грожан | Хас | 1:18.496 | + 1.405 | (C3)158 |
12 | Естебан Окон | Рено | 1:18.557 | + 1.467 | (C2)52 |
13 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:19.307 | + 2.216 | (C2)77 |
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ВТОРИОТ ДЕН @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
2020 БАРСЕЛОНА I ТЕСТ СЕСИЈА - ДЕН 1 | |||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:16.976 | 94(C2) | |
2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:17.315 | + 0.337 | 79(C3) |
3 | Серџо Перез | Рејсинг Поинт | 1:17.375 | + 0.399 | 58(C3) |
4 | Макс Верстапен | Ред Бул | 1:17.516 | + 0.540 | 168(C3) |
5 | Даниел Квјат | АлфаТаури | 1:17.698 | + 0.722 | 115(C3) |
6 | Карлос Саинц ЈР. | Мекларен | 1:17.842 | + 0.867 | 161(C3) |
7 | Даниел Рикиардо | Рено | 1:17.873 | + 0.897 | 54(C2) |
8 | Естебан Окон | Рено | 1:18.004 | + 1.028 | 62(C3) |
9 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:18.168 | + 1.192 | 73(C3) |
10 | Ленс Строл | Рејсинг Поинт | 1:18.282 | + 1.306 | 50(C2) |
11 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:18.289 | + 1.315 | 131(C3) |
12 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:18.382 | + 1.406 | 63(C3) |
13 | Роберт Кубица | Алфа Ромео | 1:18.386 | + 1.410 | 59(C3) |
14 | Кевин Магнусен | Хас | 1:18.467 | + 1.490 | 104(C3) |
15 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:20.096 | + 3.120 | 78(C3) |
ВИДЕО РЕЗИМЕ НА ПРВИОТ ДЕН @MkFormula1 - Republic of Macedonia |