Во најмала рака, збунетоста која што настана откако тимот на Мекларен соопшти дека се повлекува од Големата Награда на Австралија ни заличи на состојбата во нашата земја, за која мислевме дека само овде може да се случи!!!
Неколку часа откако кај еден од членовите на Мекларен тимот беше потврдено дека има коронавирус, ФИА и Формула 1 не знаат како да регираат.
Во разговорите на тимските шефови со ФИА и Ф1, мнозинството од нив изјавиле дека не се задоволни што се продолжува со настанот. Раководното тело на Формула 1 соопштило дека ќе се прифати мнозинска одлука на тимовите, па наскоро следува официјално соопштение за одложување на првата трка од 2020 календарот.
ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ: По потврдата дека тестот за COVID-19 на член на тимот на Мекларен е позитивен и одлуката на тимот да се повлече од Големата Награда на Австралија, ФИА и Формула 1 свикаа состанок на другите девет тимски шефови.
На одржаниот состанок мнозинството присутни зазеле став дека трката не треба да се одржи. Затоа, ФИА и Формула 1, со целосна поддршка од организаторот и промотерот на Австралиското Гран При, донесоа одлука дека целокупните Формула 1 активности се откажуваат.
Ние цениме дека ова е многу разочарувачка вест за илјадниците фанови што требаше да присуствуваат на трката и сите носители на билети ќе добијат целосна рефундација, на кој начин ќе биде соопштено со ново соопштение.
Сите засегнати страни ги зедоа во предвид огромните напори на Организаторот, Автомобилскиот сојуз на Австралија, персоналот и волонтерите за да ја организираат првата трка од 2020 ФИА Формула 1 Шампионатот, но сепак беше одлучено дека безбедноста на сите членови на Формула 1 семејството и пошироката заедницата, како и правичноста на конкуренцијата имаат приоритет.
КОРОНАВИРУСОТ ГО ОДЛОЖИ АВСТРАЛИСКОТО ГРАН ПРИ
3/12/2020 05:49:00 PM
0
Share to other apps