Во сабота на патеката во Алберт Парк ќе се одбележи важен јубилеј за спортското семејството на Мерцедес. Имено, пред 10 години, на 14 март 2010 година, современиот фабрички тим на Мерцедес Ф1 учествуваше на својата прва трка, Големата Награда на Бахреин. За прв пат од 1955 година, фабричкиот тим на Мерцедес повторно се натпреваруваше во Формула 1 Шампионатот.
На 16 Ноември 2009 година, Дајмлер АГ објави дека Мерцедес-Бенз ќе се врати во Формула 1 со свој тим. Неколку седмици подоцна, тимот објави дека седумкратниот Ф1 шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, ќе се врати во Ф1 за да се трка за трикраката ѕвезда заедно со Нико Розберг.
"Имавме напорна зимаска пауза, не само што развивме, тестиравме и изградивме нов болид, исто така потпишавме договор со нашиот нов главен партнер ИНЕО и најавивме смела заложба за одржливост. Нашите цели се многу амбициозни, бидејќи имаме за цел да го намалиме нашите емисии на СО2 до 2022 година. Почнувајќи од оваа година, ќе постигнеме 0 отпад од јаглерод преку комбинација на намалување на нашите емисии и неутрализирање на СО2. Се надеваме дека другите тимови наскоро ќе го следат нашиот пример и ќе воведат еднакво силна стратегија за одржливост."
"Конечно е време да се вратиме на тркањето и со нетрпение ја очекуваме новата сезона. Тимот работеше многу напорно за да изгради нов болид и ние сме возбудени да видиме што тој може да направи кога се вози со полн капацитет. Успеавме да поминеме низ поголемиот дел од нашата тест програма, како што беше планирано за зимските тест сесии, меѓутоа, се соочивме со некои проблеми со издрживоста кои требаше да ги решиме. Добро е што овие проблеми се појавија за време на тестирањето, отколку да се појавеа за време на тркачкиот викенд, бидејќи можевме да работиме на нивно отстранување без какви било казни."
"Новата сезона ќе биде возбудлива за гледање како на патеките, така и надвор од нив, бидејќи сè што правиме оваа година ќе има ударен ефект на нашата конкурентност во иднина. Се соочуваме со предизвикот на најголемите технички промени што ги има доживеано нашиот спорт, дополнително усложнето со правилата за ограничен буџет, така што работата што ја правиме оваа година ќе го одреди почетокот на 2021 година. Ова ја прави 2020 сезоната 2020 огромен предизвик, предизвик што го очекуваат сите во Бриксорт и Брекли."
ТОТО ВОЛФ: ЗБОР-ДВА ПРЕД АВСТРАЛИСКОТО ГП
3/10/2020 12:55:00 PM
0
Share to other apps