Една од клучните теми на разговор пред почетокот на 2020 сезоната е избувнувањето на коронавирусот, поради што ГН на Кина беше одложена, а тимовите мораа да ја прилагодат логистиката и да ја ограничат комуникацијата со јавноста.
Имаше гласини за одложување на неколку трки, промотерите на Бахреин ГП, се решија тоа да се одвива без публика, но во Австралија беа храбри и ги повикаа жителите и туристите да не се плашат од ништо, објаснувајќи дека вирусот во секој случај ќе се појави и во нивната земја, но дека тие се подготвени да се справат со него, па така да животот продолжува понатаму.
Кога Формула 1 дојде во Австралија во 1985 година, своја база ја имаше во Аделаида. Но, Боб Џејн, екс-тркач кој подоцна станал претприемач сакал да има трка во Мелбурн. Тој го создаде AUSCAR Шампионатот, пандан на Американскиот NASCAR.
Тоа било основа за создавање на голема мотоспорт заедница во Мелбурн, која постепено го зголемувала притисок кон политичарите. Така, во 1992 година Џеф Кенет е избран за нов премиер на државата Викторија, кој веднаш се насочил кон подобрување на тркачкиот профил на Мелбурн.
Прва желба на листата била доведување на Големата Награда на Австралија. Веќе во 1993 година е потпишан договор со Формула 1, но договорот со Аделаида истекувал во 1995 година.
Веднаш се започнало со изградба на нова патеката во убавиот Алберт Парк во Мелбурн, а првата трка беше одржана во 1996 година. Патеката веднаш станува многу популарна кај возачите и фановите, кои со нестрпливост ја очекуваат секоја следна сезона од Формула 1 Шампионатот.
Од почетокот на хибридната ера во Формула 1 во 2014 година, имаме четири различни победници: Нико Розберг (2014, 2016), Луис Хамилтон (2015) и Валтери Ботас (2019) за Мерцедес АМГ, Себастијан Ветел (2017, 2018) за Ферари.
Во квалификациите, Луис Хамилтон стартува од Пол позиција секоја година во периодот 2014-2019 година. Со осум последователни пол позиции на австралиско тло, шесткратниот шампион е рекордер на оваа патека.
По 6те тест дена пред стартот на сезоната, кои се одвиваа на патеката Каталуња во Барселона, имаме впечаток дека Мерцедес АМГ, Ред Бул и Ферари, но, првите трки ќе треба да ни го потврдат тоа.
Нашите размислувања за поредокот на тимовите може да ја прочитате со клик на следниот ЛИНК - ЗАВРШНА АНАЛИЗА.
Секако дека во периодот до првата трка тимовите не седеа со скрстени раце, туку работеа напорно на своите, но како што покажаа првите денови пред тркачкиот викенд и на анализа на противничките 2020 болиди, преточени во приговори на нивната регуларност. Прв тим кој беше принуден да менува делови од својот болид беше Мерцедес АМГ.
Патеката во Алберт Парк е доволно брза и брзината на болидите не е премногу зависна од аеродинамиката. Поради прашината и нечистотиите што е вообичаена за непостојаните тркачки патеки, грипот на асфалтот драматично се менува во текот на викендот, што го отежнува работењето со поставките.
Како и другите градски патеки, Алберт Парк има многу испакнатини на асфалтот. Патеката е една од поекстремните кога се во прашање моторите на болидите, таа е на второ место по оптоварување на моторот, зад Монца, при што 66% од кругот се поминуваат со целосно притиснат педал за гас.
Поради честите забрзувања на излезот од бавните свиоци, важно е добро ракување и стабилноста на погонската единица во текот на широк опсег на вртежи. Според поставките за нивото на потисна сила, патеката во Мелбурн потсетува на Сепанг или Силверстон, па за време на викендот инженерите треба да бараат традиционален компромис помеѓу потисна сила и брзината.
Патеката бара добра ефективност на сопирачките и нивно ладење. Најдоброто место за престигнување е крајот на стартниот правец, и влез во првите два свиоци. Од 2018 година престигнувањето е помогнато од три ДРС зони, со две точки за мерење на разликата помеѓу болидите.
Тимовите решија во 2020 година да ги користат истите пневматици со кои што работеа минатата сезона, а во Пирели решија да ги донесат истите смеши, C2, C3 и C4. Првите двe се прогласени за задолжителни во трката, додека најмеката смеша е задолжителна за користење во Q3 квалификациската сесија. Минатата година возачите ја извозеа трката со едно застанување во бокс за промена на гумите, стратегија која се очекува и за време на овој тркачки викенд.
Првичната временска прогноза предвидува температури до 27 степени во петок, по што во текот на ноќта следува нагло заладување, а веројатноста за појава на дожд и грмежи се проценува на 90%.
Во сабота се очекува делумно облачно време, со температури до 19 степени и само 20% можност за дожд. Во недела, повторно ќе имаме делумно облачно време, со температури до 20 степени и 10% веројатност за дожд.
Оваа година во Формула 1 има само еден дебитант, 24-годишниот Николас Латифи. По завршувањето на минатата сезона на второто место во Формула 2, Канаѓанецот ќе ја продолжи кариерата во Вилијамс. Минатата година Џорџ Расел беше далеку пред Роберт Кубица, но сега ќе има силен тимски колега кој има што да докаже.
2020 сезоната носи старо/нов тим Торо Росо = АлфаТаури |
Тимот на Рено беше тимот кој испрати неодолива понуда за искусниот Австралиец, по што еден од најдобрите млади возачи остана без договор. Последователните серии на настани доведоа до одвојување на Французинот од Мерцедес АМГ, иако тие сè уште се ангажирани во неговата кариера, и преминот во Рено.
Сега Нико Хулкенберг го загуби неговото место во Ф1 Шампионатот, а неговото место го зазеде 23-годишниот Окон. Борбата на тимски колеги во Рено, без оглед на конкурентноста на нивните болиди, ветува дека ќе биде еден од најинтересните интриги во сезоната.