2020 Формула 1 Шампионатот започнува следниот викенд, 13-15 Март, традиционално со Големата Награда на Австралија, на патеката во Алберт Парк. Сите ние, Ф1 фанови, се надеваме на возбудлива сезона, но, дали е тоа возможно?
Формула 1®, врвот на мотоспортот, заедно со ФИА, најавија политичка сезона, наместо спортска - тие се договорија со Ферари, но не знаеме точно што?!?
Дали беше потребно ова баш во овој момент?!?
Можеби Не, можеби ДА. Не бидува Формула 1 без афери. Да има за што да се зборува, шпекулира кога веќе нема натпревар на патеките, туку доминиација на еден тим - ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ.
Следуваше заеднички одговор на засегнатите Ф1 тимови, кои изразија загриженост и шокираност од договорот, барајќи случајот да добие конкретна завршница.
Седуваше ново соопштение на ФИА, кое беше поддржано и од светскиот совет за мотоспорт, каде се вели дека поради комплексноста на Ферари ПЕ не е возможно да се најдат докази за нејзината нерегуларност, иако постојат индиции дека правилата за проток на горивото се заобиколуваат.
Ферари не признаваат дека го прават тоа, така да судскиот процес би бил долг, скап и може да заврши лошо и по едната и по другата страна. На крај двете страни постигнаа вонсудска спогодба за чија содржина јавноста нема да биде запознаена.
Оваа сага и срам за Формула 1 може да биде продолжена најмногу од тимот на Ред Бул, единствено моќни за долг и Финансиски оптоварувачки процес, со тужба кон ФИА за барање оштета од 24 милиони долари, што би ги добиле доколку Ферари беше казнет.
Подбуцнувачот и шпионската служба ангажирана од нивна страна ќе останат настрана, бидејќи во секоја варијанта не добиваат ништо, а може да изгубат многу ако се докаже дека користеле информации од поткажувач од противничкиот тим.
Од спортски аспект, по шест дена на тестирање пред стартот на сезоната, кои се одвиваа на патеката Каталуња во Барселона, се чини дека водечките три тимови остануваат како најверојатното трио за Победничкиот подиум. Мерцедес АМГ, неприкосновено на самиот врв, додека Ред Бул и најверојатно Ферари ќе ја демнат секоја нивна грешка за пласман на највисокото скалило.
Розевиот Мерцедес, како што беше наречен 2020 болидот на Рејсинг Поинт има најголеми шанси да ги предводи останатите, барем во почетокот на сезоната, затоа што понатамошен развој не е возможен, пред промената на тимот во Астон Мартин Ф1 од следната сезона.
Здружувањето на Хонда и Ред Бул, најпосле треба да даде знаци на напредок, што е од суштинско значење за тимот, но и иднината на Јапонците во овој мотоспорт. Во Барселона имаше првични показатели за тоа, но, тоа треба да се покаже и на патеките.
Нема многу промени во регулативата од минатата сезона, а една од најзначајните е што возачите ќе имаат на располагање една дополнителна MGH-K единица за собирање на енергијата од издувните гасови, една од најпроблематичните компоненти на денешните хибридни погонски единици кои ги придвижуваат Ф1 болидите.
Формула 1 мотоспортот останува зависен од значителни финансиски средства за нормално функционирање на еден тим, па помалите тимови имаат големи проблеми за да го обезбедат својот опстанок. Како резултат на тоа конечно се усвоија правилата околу ограничување на трошоците и порамномерна распределба на добивката, кои стартуваат од 2021 година, кога Формула 1 Шампионатот се ресетира од нула.
Глобална тема на разговор е Корона вирусот кој не ја заобиколи нити Формула 1. По одложувањето на Кинеското Гран При, промоторите на трката во Бахреин се решија тркачкиот викенд да биде настан само за учесниците, т.е. ГН на Бахреин ќе се вози пред празни трибини. Во 2020 календарот таа е втората трка од сезоната.
ПИРЕЛИ - Тимовите на располагање ќе ги имаат старите 2019 гуми на Пирели, бидејќи не ги "бендисаа" планираните за 2020 сезоната. Според инженерите на Италијанскиот производител, планираните поголеми притисоци на гумите ќе значат и поголема нивна деградација.
ТВ ПРЕНОС кај нас во Македонија за разлика од минатата година ќе ИМА. Телевизискиот канал 24 Вести ги има правата за емитување и оваа сезона. Според одговорните за спортските преноси, пред се новинарот Владко Арсов не се планирани поголеми промени во начинот на презентирање. Новина е тоа што годинава треба да има репризи на сите трки, а не само на тие што се во неприроден термин за нас. Премин во ХД квалитет не е планиран, поради технички причини.
ЗАПОЧНУВА 2020 Ф1 СЕЗОНАТА, КАДЕ ЌЕ ЈА ГЛЕДАМЕ
3/08/2020 04:52:00 PM
0
Share to other apps