Имајќи го предвид глобалното влијание на коронавирусот COVID-19, кој моментално влијае на тековниот Формула 1 Шампионат, Светскиот совет за мотоспорт одобри измена на спортските правила за 2020 година.
Со измената задолжителната двенеделна летна пауза што традиционално беше во месец Август се поместува за месец Март и Април и се зголемува нејзиното времетраење на три недели.
Затоа, сите Ф1 тимови мораат да ги затворат своите фабрики на 21 последователен ден во текот на овие два месеци.
Одлуката беше едногласно поддржана и од Стратегиската Група на Ф1 и од Комисијата за Ф1.
Први реагираа од тимот на Алфа Ромео објавувајќи пауза од 23ти Март до 13ти Април. Членовите на тимот на Ферари веќе се во самоизолацијаќе, додека фабриката ќе биде затворена од утре, 19ти Март до 8 Април. Во тимот на Ред Бул размислуваат паузата да ја започнат на 27 Март.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.