Со оглед на континуираното глобално ширење на COVID-19 и по тековните дискусии на Формула 1 со трите промотори, денес е потврдено дека се одложени трките за Големата Награда на Холандија, Шпанија и Монако.
Одлуката е донесена со цел да се зачува здравјето и безбедноста на сите учесници и фанови на Формула 1.
ФИА и Формула 1 продолжуваат да соработуваат со засегнатите промотори и локалните власти за да ја следат состојбата со вирусот и да договорат алтернативни датуми за секоја трка, подоцна во текот на годината доколку ситуацијата се подобри.
ФИА и Формула 1 очекуваат да се започне со 2020 Ф1 сезоната веднаш штом е безбедно да се стори тоа по месец Мај.
Напоредно со оваа одлука на одржаната телеконференција, на која учествуваа Тимските Шефови, Чејс Кери, Рос Браун, и Претседателот на ФИА, Жан Тод, постигнаа согласнот за одлагање на 2021 регулативата. Сега, деталите за промените во правилата треба да бидат целосно разработени, и на крајот да бидат потврдени од Светскиот совет за моторни спортови.
ОДЛОЖЕНИ ТРКИТЕ ВО ХОЛАНДИЈА, ШПАНИЈА И МОНАКО
3/19/2020 04:52:00 PM
0
Share to other apps