Пандемијата на коронавирусот веќе ги принуди ФИА и Формула 1 да ги одложат првите седум трки од 2020 календарот, но имаше надеж дека трката во Азербејџан на 7 јуни ќе може да означи почеток на тековната сезона.
Но, со оглед на обемот на раст на заразените со вирусот, кој не покажува знаци на забавување во Европа, организаторите на Големата Награда на Азербејџан одлучија дека нема смисла да се продолжи со подготовки за трката.
Промоторите на оваа трка потврдија дека таа се одложува, но сепак очекуваат датум за нејзино одржување кон крајот на годината. Точниот датум на одржување ќе биде наскоро објавен на нивната веб-страница.
ОДЛОЖЕНА ТРКАТА ВО БАКУ
3/23/2020 11:54:00 AM
0
Share to other apps